Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заложби за инфраструктурно поврзување со Бугарија и искуства за регионален развој
Политика

Заложби за инфраструктурно поврзување со Бугарија и искуства за регионален развој

август 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Развојот на инфраструктурната мрежа меѓу Северна Македонија и Бугарија е клучен за интензивирање на соработката во сите области.

Државава со бугарски искуства ќе го јакне институционалниот капацитет за користење на европските фондови, пред се, за рамномерниот регионален развој и воопшто за примена на европските политики и проекти.

Со меморандумот за соработка на нашето Министерство за локална самоуправа со бугарското Министерство за регионален развој и урбанизам што беше потпишан денеска во Скопје почнува процес на подинамична примена на Договорот за добрососедство од август 2017 година, најавија ресорните министри Горан Милевски и Петја Аврамова.

Како што оценија тие, двете држави се посветени на реализација на проектите кои се од особено значење за меѓусебното повзрување, со фокус на Коридорот 8, како и на подобрување на прекуграничната соработка на двете земји со поддршка на фондовите од Европската Унија.

„Подобрувањето на транспортната комуникација е дел од Договорот за добососедство. Убедена сум дека регионалната соработка и транспортното поврзување се клучни за развој на регионот на Западен Балкан“, рече Аврамова.

Таа потенцираше дека од особена важност за натамошно интензивирање на соработката се инфраструктурните проекти на Коридорот 8, како и дека имаат желба за подобро патно поврзување на Софија и Скопје.

„Досега Бугарија направи многу за да ја реализира изградбата преку изградба на автопатот Тракија, Струма кој што е во изградба, а сега се соочуваме со предизвикот да бараме можности за автопатот Дупница – Ќустендил – Ѓуешево за што бараме стратешки инвеститор. Наша желба е двата главни градови – Софија и Скопје – да бидат поврзани со добар автопат, како и брза железница, а во тек се работите за изградба на нов граничен премин Клепало, кој ќе ги подобри економските врски.
Агенцијата за патна инфраструктура обезбеди превентивна поправка на приближно 20 километри пат Струмјани – Раздол – граница со Република Северна Македонија. Изградбата и санацијата на преостанатите 8,8 километри од трасата бара завршување на новата градба со цел да се донесе патот до современите барања за транспортна комуникација и удобност при патувањето. Бараме финансиска можност за проектирање и градба“, рече Аврамова.

Претставувајќи, како што рече, интересен податок од соработката на двете држави, Аврамова информираше дека во Бугарија до 13 овој месец се продадени 85 илјади електронски вињети на автомобили со македонски регистерски таблички и по тој основ Северна Македонија е рангирана на петто место.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека претстои институционална соработка со Бугарија за зајакнување на капацитетите и подобрување на функционалноста во областите на регионалниот развој, прекуграничната соработка и локалната самоуправа.

„Нам ни се потребни знаењето и искуството на колегите од соседна Бугарија во примената на европските политики и проекти. Ако наш приоритет е рамномерниот регионален развој, тогаш да видиме како тоа го прават нашите колеги во Бугарија и со нивна поддршка да изградиме поголеми административни капацитети за пристап и управувње со средства од развојните фондови на ЕУ“, рече Милевски.

Со Програмата за прекугранична соработка за периодот 2014-2020 година во рамки на првиот повик во фаза на реализација се 48 проекти. Пред еден месец во Софија беа потпишани договори за финансирање на 17 нови проекти во вредност од седум милиони евра што ќе се спроведуваат во пет опшини во државава и во две во Бугарија.

Милевски и Аврамовска разговарале како најдобро да ги реализираат средствата за наредниот програмски период од 2020 година.

„Еден од предлозите е целосна изградба и ставање во функција на граничниот
премин Клепало кај Берово. Од наша страна веќе се работи на ревитализација на патот до граничниот премин во должина од пет километри“, наведе Милевски.

„Постои, дополни тој, традиција меѓу нашите две земји на соработка меѓу општините и граѓаните, но наша задача ќе биде таа соработка да ја ставиме во функција на локалниот и регионалниот развој“, напомена министерот за локална самоуправа.

Аврамова и бугарската делегација што е во посета на државава претходно беше примена и од премиерот Зоран Заев, при што е потенцирано дека се вложува во развојот на сообраќајната инфраструктура и се зголемуваат економската соработка и бизнис релациите.

Заев истакнал дека две години по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија постигнат е значаен напредок во соработката меѓу двете држави во повеќе сектори и зајакнат е политичкиот дијалог.

„Владата на Северна Македонија е посветена на интензивирање на квалитетна и модерна патна мрежа, инвестираме во водоводните системи како значајни проекти за заштита на животната средина и обезбедување на поквалитетен живот на граѓаните. Вложувањата се поттик за економски развој и соработка со соседите во сериозни инвестиции во областа на земјоделството, рударската индустрија и други сектори“, рекол Заев.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Аврамова оцениле дека Северна Македонија и Бугарија го интензивираат спроведувањето на Договорот за пријателство и соработка, а за тоа сведочат повеќе меморандуми за соработка.

 

актуелно бугарија инфраструктурно поврзување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.