Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обезбедени 165 милиони денари за инфраструктурни проекти во 12 општини
Локално

Обезбедени 165 милиони денари за инфраструктурни проекти во 12 општини

август 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупно 165 милиони денари од денеска им се ставени на располагање на 12 општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои се очекува да се подобри животот на граѓаните.

Парите се обезбедени преку Проектот за подобрување на општински услуги што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Од вкупните средства, 136,8 милиони денари се заеми по поволни каматни стапки под еден процент, а 28 милиони денари се грант средства.

Заеми добија Тетово, Кочани и Делчево кои средствата ќе ги искористат за изградба на улици.

Во Тетово со заемот од 60,6 милиони денари ќе се продолжи булеварот „Видео Смилевски – Бато“ кој е главната комуникациска артерија за товарниот сообраќај кој од Скопје, Тетово и Гостивар се движи кон граничниот премин.

Во Кочани со вкупно 43,9 милиони денари ќе се финализира изградбата на 11 улици, од кои шест се во урбаниот дел, а пет во селата Тркање и Оризари.

Во Делчево со 32,3 милиони денари ќе се изврши реконструкција на две постојни улици и една земјена улици во градот.

Грант средства добија општините Брвеница, Бутел, Дебрца, Гостивар, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево кои парите ќе ги искористат за изградба на водоводи, скејт парк, обнова на градинка, набавка на механизација и улично осветлување.

Договорите беа потпишани денеска во Министерството за финансии од страна на заменик-министерката за финансии Ширет Елези и градоначалниците на Тетово, Кочани, Делчево, Брвеница, Бутел, Дебрца, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Гевгелија и Чешиново Облешево.

„Со спроведување на овие проекти, бенефит ќе имаат вкупно околу 200 илјади жители, а со тоа бенефит ќе имаат и жителите на планските региони“, истакна Елези.

Според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, проектот што ќе се реализација во нејзината општина е од исклучително значење за сите граѓани од Полошкиот регион.

Во обраќањето по потпишувањето на договорите, Арифи рече дека секоја општина мора да биде кредитноспособна за да може да аплицира за вакви проекти.

За градоначаникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, со реализацијата на ваквите локални проекти се подобруваат условите за живеење на ситеграѓани.

Вкупниот износ на Проектот за подобрување на општинските услуги достигна 100 милиони евра.

Досега се финансирани над 230 капитални проекти во сите општини во државата.

актуелно инфраструктурни проекти Општини
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.