Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата
Економија

Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

август 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По благиот раст кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни, во јули е евидентиран позначителен пад од 2,3 проценти, кој се должи на падот во кредитирањето на корпоративниот сектор во денари и во странска валута, соопшти денеска Народната банка.

На годишно ниво, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи пораст за 4,3 проценти. Доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и на спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во јуни бележат годишен раст од 6,6 проценти.

Вкупните кредити на домаќинствата оствариле месечно и годишно зголемување од 0,7 проценти, односно 9,4 проценти. Најголемо учество во месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и на спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јуни би изнесувал 10,1 процент.

Како што информира НБРМ, по месечниот раст во јуни, вкупните кредити во јули годинава се намалиле за 0,8 проценти. Месечното намалување е одраз на поголемиот износ на извршени задолжителни отписи на сомнителните и на спорните побарувања во овој месец, под влијание на регулаторни промени. Од аспект на одделните сектори, месечниот пад се должи на намалените кредити на корпоративниот сектор, при благ раст на кредитирањето на секторот „домаќинства“.

Во јули годинава вкупните депозити продолжиле да растат и оствариле годишно зголемување од 10 проценти, во услови на раст на депозитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

Во јули 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор пораснале за 1,3 проценти на месечна основа, главно под влијание на растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари и во странска валута, а во услови на минимален раст кај долгорочните депозити во денари и пад на долгорочните депозити во странска валута.

Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,1 процент и во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари.

компании Кредити пад
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.