Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Нема политичко мешање во истрагата за „Рекет“
Македонија

Пендаровски: Нема политичко мешање во истрагата за „Рекет“

август 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет“, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари.

Ова денеска во Македонска Каменица го изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање за неговата позиција во однос на случајот „Рекет“.

За Пендаровски е важно што работата околу процедуралниот колосек, како што рече, „тргнала“, а понатаму се останува на истражните органи.

„Пред две недели на прес – конференција јас повикав да се забрза постапката од истражните органи. Следејки ги барањата на граѓаните и знаејќи дека се соочуваме со голема афера, која ја става на тест целокупната правна држава, апелирав да тоа биде побрзо и поефикасно, а понатаму знаете дека не е моја надлежност. Видовме неколку битни активности во таа процесна смисла и понатаму се останува на надлежните
органи“, изјави Пендаровски.

Повтори дека тој и сите политичари, сакаат да видат брза истрага во која нема да се чувствуваат странични влијанија, ниту, истакна, евентуално влијание од политичарите.

На прашањето колку институциите во државата можат да обезбедат нормални услови за делување за овој случај, Пендаровски рече дека како претседател не му паѓа на памет да се меша во работата на кого било поврзан со овој случај.

„До овој момент од сите информации што ги имаме од надлежните структури, исто така нема никакво политичко мешање во која насока да оди оваа истрага, барем тоа до овој момент ми е познато. Во делот на бизнис-заедницата веќе неколку бизнисмени дадоа изјави дека тие немале проблеми, што значи дека работите се движат. Барем во овој момент, никој не може да каже дека од страна на политиката некој е заплашен да
не пријавува такви случаи на коруптивно однесување ако го имало, така што од страна на политиката амбиентот е направен. Јас ви гарантиран за мене и во иднина тоа ќе биде така, затоа што јас не можам да замислам да правам нешто што никогаш во животот не сум го правел и што не е моја работа, бидејки граѓаните не ме плаќаат да ги притискам судските органи, не ме плаќаат да се мешам во нивната работа“, дециден е претседателот на државата.

Според него, постои амбиент во кој државата не се меша во работата на судовите и обвинителствата и тоа така и ќе остане.

Претседателот Пендаровски прашан за идејата на Алијанса на Албанците за специјален јавен обвинител странец, тој се осврна на 2006 година кога, вели, имаше идеја за државен јавен обвинител странец.

„Толкувањето на правниците во тоа време беше дека тоа не е можно. Во принцип никогаш не сум имал проблем со вмешувањето на странците ако се компетенти и стручни во која било област. Конечно гледаме дека има само позитивно влијание од вмешувањето на странските политичари, ЕУ, НАТО, пријателски држави. Не знам дали е тоа можно, принципиелно говорејќи би сакал да видам вклученост на стрнаски стручни лица во поддршка на нашиот правосуден систем“, изјави Пендаровски.

актуелно истрага пендаровски политичко мешање рекет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.