Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Честит Ден на рударите, со намалувањето на старосната граница за пензионирање исправивме голема неправда
Во Фокусот

Царовска: Честит Ден на рударите, со намалувањето на старосната граница за пензионирање исправивме голема неправда

август 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска синоќа присуствуваше на свечена седница на Општина Пробиштип по повод 28 август, Ден на рударите.

Таа во своето обраќање во кое им го честиташе празникот на сите рудари во државата рече дека Министерството за труд и социјална политика и Владата го исполнија долгогодишното барање на рударите за намалување на старосната граница за пензионирање и исправија една голема неправда со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Ветивме и реализиравме намалување на старосната граница за пензионирање на рударите кои работат во подземен коп и досега според овој Закон во пензија се заминати 51 рудар од кои осум се во Пробиштип. Со законските измени кои се на сила од крајот на минатата година рударите остваруваат право на пензија со навршување 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа
значи дека ако претходно рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите“, рече министерката Царовска.

Таа најави дека се подготвуваат законски измени со кои ќе се прошири бројот на стечајци кои до пензионирање ќе земаат месечен надомест од 8.254 денари.

Со Законот за материјално обезбедување на невработени лица, посочи, досега се опфатени приближно 11.000 стечајци, но оваа бројка ќе продолжи да се зголемува, бидејќи целта на Владата е да ги извлекува најранливите од сиромаштија.

Министерката потенцира дека успешно се спроведува и социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми во просек за 300 отсто.

„Само за три месеци од спроведувањето на реформата зголемена помош добиваат околу 27.000 домаќинства, а бројот на деца кои користат детски додаток е зголемен за три пати и во моментот изнесува 20.230“, додаде Царовска и ги повика жителите на Пробиштип, но и сите останати граѓани кои се приматели на гарантиран минимален приход или земаат минимална плата да се пријават во центрите за социјални работи за да може да ги користат овие додатоци.

актуелно ден на рударите Мила Царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.