Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Потпишани првите ИПАРД 2 договори за модернизација на земјоделските стопанства
Економија

Потпишани првите ИПАРД 2 договори за модернизација на земјоделските стопанства

август 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Платежната агенција денеска беа потпишани првите десет договори од ИПАРД 2 Програмата, за модернизирање на земјоделските стопанства преку набавка на
механизација и опрема.

Со договорите, вредни 137.000 евра, како што рекоа директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, и министерот за земјоделство Трајан Димковски, почнува нов инвестицски циклус во агро-секторот.

Во текот на септември, нагласија Бабовски и Димковски, се очекува финализирање на целата процедура со потпишување на очекуваните 800 договори, вредни 10 милиони евра.

„Денеска, со потпишување на овие договори, се вбризгуваат нови средства за унапредување на домашното земјоделство. Им се овозможува на земјоделците кофинансирање на трошоците за изградба или реконструкција на објекти за добиточна храна, складишта, ладилници, калибратори,… Но, земјоделците можат да набавуваат и машини, мотокултиватори, балирачки фрези, косачки, како и системи за наводнување „капка по капка“, истакна министерот Димковски, додавајќи дека ефектите веќе се гледаат ако се земе предвид дека овој ИПАРД повик завшри во февруари, а сега, за само шест месеци, се потпишуваат првите договори. Обработката на апликациите и реализацијата на инвестициите, оцени, оди многу брзо, а со тоа и парите за вложувањата се враќаат кај земјоделците.

Според директорот на Платежната агенција, Бабовски, во време кога земјава се приклучува кон ЕУ, повеќе од потребна е поддршката од ИПАРД.

Тој уште еднаш апелира, сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат своите капацитети и фарми, да аплицираат за пари од европските фондови.

Меѓу индивидуалните земјоделци што денеска потпишаа договори, беше и една жена која се занимава со растително производство.

Рече дека аплицира за балирачка и косачка.

„Имаме стари машини. Сега, со набавката на нови, очекуваме значително олеснување на производството и поуспешна работа“, изјави Сања Саздовска од Орешец.

Задоволство од потпишаниот договор искажа и Бујар Зенели, овоштар од Крани.

Аплицирал за набавка на 630 бокс-палети за амбалажирање јаболка.

„Добивањето средства од ИПАРД воопшто не е баук, им препорачувам на сите што сакаат да го осовременат производството, да достават барања за поддршка“, рече Зенели кој воедно, информира, е и повратник од странство.

Во овој контекст порача дека е најдобро да се инвестира дома.

За тресач на вишни договор за ИПАРД потпиша и фирмата „Амбасадор“ од Струмица која има 50 хектари.

На првиот Повик од ИПАРД 2 се склучени 947 договори и со нив е прифатена исплата на 21,7 милиони евра.

Од нив, 84 апликанти веќе ги завршиле инвестициите и доставиле барања за поврат на над 14 милиони евра, додека на 511 апликанти целсно им се исплатени средствата и кај нив се вратени 6,98 милиони евра кои, како што оцени Бабовски, се свеж
капитал во земјоделството.

На вториот ИПАРД 2 повик за Мерката 3 која предвидува инвестиции за прерабптка на земјоделски и рибни производи, до Платежната агенција се пристигнати 65 апликации со кои се бараат 15,4 милиони евра.

Досега 29 апликанти склучиле договори и почнале реализација на инвестицијата.

Еден од нив целосно ја завршил и има доставено барање за поврат на 3,1 милион евра.

актуелно земјоделски стопанства ИПАРД 2 договори модернизација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.