Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Медали за пожарникарите, Пендаровски апелира да не се штеди на опрема, вештини и знаења
Во Фокусот

Медали за пожарникарите, Пендаровски апелира да не се штеди на опрема, вештини и знаења

септември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На осум пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, кои со својата храброст и пожртвуваност придонесоа за навремено извлекување на
станирите од опожарената зграда на на ул.„Народен Фронт“ во Општина Кисела Вода денеска претседателот на државата Стево Пендаровски им додели медал за храброст и изрази надеж дека медалите ќе бидат дополнителен мотив за натамошна посветена работа и професионално дејствување.

Во пожарот што се случи на 10.јуни годинава во седумкатница спроти основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, Владимир Симоновски, Звонко Томевски, Кире Гиевски, Пепи Трајчевски, Драган Блажевски, Александар Петровски, Сашо крстевски и Панчо Илиевски, успеаја да евакуираат седум станари од погорните катови, кои беа блокирани и нивниот живот беше доведен во опасност.

Меѓу 7-те евакуирани имаше и две деца.

Претседателот Пендаровски нагласувајќи дека летово, со зголемени температури и долг сушен период имавме зголемен број пожари и постојан ангажман на пожарникарите, подвлече дека во 2018 година ТППБ на Град Скопје имала вкупно 1.264 интервенции поврзани со пожари, годинава само до 31 август имала 1.252 интервенции.

Во оваа прилика, шефот на државата го спомена и ангажманот на единицата при
спасувањето на настраданите при тешката сообраќајка на автобусот на „Дурмо турс“ на автопатот Скопје-Тетово, како дел од техничките интервенции на единицата што ги има стотина годишно.

Заслужи ТППБ на Град Скопје, истакна Пендаровски денеска да се здобие со Повелба на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски апелираше да не се штеди на набавката на опрема и секаде каде што е потребно да се зголеми бројот на пожарникари и да се инвестира во нивните вештини и знаења.

„Верувам дека сето ова ќе биде потсетување за значењето на противпожарните бригади и потребата од постојано инвестирање во современа опрема, модерни средства и алати неопходни за нивната работа, како и потребата од обука и тренинг на пожарникарите. ова се однесува на сите противпожарни бригади низ целата наша држава“, истакна претседателот Пендаровски.

актуелно Медали пожарникари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.