„Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди“, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
„За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба. Ќе го задржат на опсервација на Клиниката за неврохирургија“, изјави Филипе по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Претходно, СВР Тетово информираше дека утринава околу 9 часот бил нападнат лекар на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово.
Сторителот, 43-годишниот А.Б. од Голема Речица е приведен и задржан во полициска станица.






