Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Вучиќ призна пораз
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хрватска летна работна дестинација за македонските граѓани
Економија

Хрватска летна работна дестинација за македонските граѓани

септември 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хрватското крајбрежје летово беше дестинација на многу македонски граѓани, но не како туристичка, туку како дестинација каде работат.

Мотивите и целите им се различни, но главно се задоволни од она што им е понудено, а задоволство од нивниот ангажман изразуваат и хрватските работодавци.

Кирил и Наташа се двајца меѓу многуте што ја поминуваат оваа туристичка сезона во Хрватска.

Работат во ист хотел „Ла Луна“на хрватскиот остров Паг, заедно со уште неколку македонски граѓани, како и со повеќе вработени од поранешните ју републики.

„Мотивот да барам работа надвор од мојата земја беше првенствено финансиски. Идејата беше за неколку месеци да заработам некоја сума што би ја заработила дома за една година, притоа да си ги подмирам целогодишните трошоци на факултет“, вели Наташа Трајковска од Скопје. Наведува дека Хрватска ја одбрала како дестинација од причина што ова и е прво работно искуство во странство, а Хрватска и била доста позната бидејќи е често таму.

„Работата ја најдов со препорака преку приватни контакти од Хрватска, не сум запозната и не сум била во контакт со агенции кои посредуваат за работа во  странство. Платата ми е солидна, задоволна сум со неа и е според хрватските стандарди“, истакнува Трајковска.

Додава дека нашла работа во хотелот „Ла Луна“, кој се наоѓа на островот Паг, а местото се вика Јакишница (Лун).

„Работам во Велнес центарот на рецепција и сум презадоволна. Планирам да останам до крајот на сезоната, а од 1 октомври почнувам со факултетот“, вели таа.

Работата ја нашла со препорака преку приватни контакти од Хрватска.

Вели дека не е запозната и не била во контакт со агенции што посредуваат за работа во странство.

Лошите економски услови во земјава, можностите кои ги нуди работењето во странство, како и стекнувањето нови познанства, знаења и работно искуство биле причина и за Кирил да побара работа во странство, одбирајќи ја летово Хрватска, а најавува дека и следанта година би се вратил.

„Работам сезонски. Рабоата ми е добра, немам никакви приговори, т.е. ќе се вратам најверојатно и следната сезона тука“, вели Кирил.

Открива дека работата ја нашол случајно и решил да ја прифат понудата.

„Случајно, сурфав на интернет, т.е. ми се појави оглас за работа во странство, и едноставно размислив и „ја зграпчив приликата”, вели Кирил.

И двајцата велат дека на островот е исклучително добро и има преубава природа, пејзажи, најстарата плантажа со маслинки, а исто така на само неколку километри од нив е и плажата Зрќе позната по своите музички фестивали.

Работат во друштво на вработени од Хрватска, БиХ и Србија, а проценките се дека само во Новајлија, град близу овој хотел, летово работеле над 100 Македонци.

„Вработуваме луѓе без разлика од каде се. Имаме доста од Северна Македонија, а според моите сознанија ги има во Новајлија само 100 лица. Вредни се и коректни, а оние кои не се си заминуваат“, вели Мате Дедич, менаџер во хотелот „Ла Луна“.

МИА

актуелно граѓани работна дестинација хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.