Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Варвициотис: За европската перспектива на соседната земја потребно е исполнување на обврските од Договорот од Преспа
Македонија

Варвициотис: За европската перспектива на соседната земја потребно е исполнување на обврските од Договорот од Преспа

септември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Исполнување на обврските од Договорот од Преспа, напуштање на секаков иредентистички елемент и почитување на владеењето на правото, се точките на кои, според грчкото МНР, се осврнал алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, говорејќи за европската перспектива на
нашата земја за време на состанокот на Советот за општи прашања во Брисел, jави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, на состанокот на кој главна тема била подготовката за Европскиот совет на 17 и 18 октомври, Варвициотис посебно се осврнал на спроведувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека за Грција да ја поддржи интегративната перспектива на северниот сосед, „услов од кој не се отстапува е веднаш да се исполнат обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорот, а се однесуваат на усогласеност со уставните промени што беа усвоени, целосно напуштање на било кој елемент на иредентизам и почитување на владеењето на правото“.

-Во подготовките за следниот Европски совет, на агендата беа ставени одредени теми што многу се однесуваат на Грција. Првото е проширувањето со земјите од Западен Балкан и во однос на тоа побаравме нашите соседи да го почитуваат владеењето на правото, правилата на добрососедство и секако, да им служат на договорите што ги имаат потпишано, како што е Договорот од Преспа, рече Варвициотис по завршувањето на состанокот.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на проширувањето на унијата, истакнал дека Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но под поставените предуслови.

Во однос на Албанија, рекол дека услов е земјата да ги исполни во целост петте приоритети поставени од унијата и да даде особено значење на правата на грчкото национално малцинство.

Во обраќањето на вчерашниот состанок, Варвициотис истакнал дека Грција го поддржува барањето на Кипар, на следниот Европски совет да се разгледа и прашањето со турските прекршувања и ескалацијата на нелегалните активности во Источниот Медитеран.

-Го поставивме прашањето за турската провокација, како во однос на прекршувањата на суверенитетот на Кипар, така и за заканите со кои се соочува нашата земја во бегалското прашање. И, секако, ја поставивме и побарувачката рамка преку која Грција доаѓа да бара дел од растот на Европа, во следната повеќегодишна финансиска рамка. Грција престана да биде земја која бара помош.

Она што го бара е правото и можноста да се развие за да го постигне ритамот на развој и животниот стандард што го имаше пред кризата, рече Варвициотис по вчерашниот состанок.

актуелно Варвициотис договор преспа перспектива
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.