Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на ГС на ОН: Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во светската организација
Политика

Заев на ГС на ОН: Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во светската организација

септември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан“, порача премиерот Зоран Заев на македонски јазик во своето обраќање на пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк и додаде дека Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрза нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

„Сакам овде да подвлечам дека им сме благодарни на ОН за целата поддршка, што најмногу се виде преку 20-годишната посветена и неуморна работа на Метју Нимиц, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, кој работеше со нас на наоѓање на решението. Веруваме дека Спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот и дека е корисен пример за многу други отворени прашања“, потенцира Заев.

Во продолжението на своето обраќање пред претставниците на државите и народите од светот, премиерот Заев нагласи дека годинашното Генерално собрание повторно повикува на обединување на нациите во борбата за мир, демократија, човекови права, владеењето на правото и одржлив развој.

„Светот е на крстопат и затоа ни е потребна посилна организација на Обединетите нации, која ќе застане зад сите и ќе испорача резултати за сите. И никого да не остави зад себе. Во свет обременет со несигурност, потребен е меѓународен поредок заснован на правила, делотворен мултилатерализам“, истакна Заев од говорницата на ОН во Њујорк.

Осврнувајќи се на една од централните теми на ова собрание – климатските промени, премиерот потенцира дека е неопходна реализација на заклучоците од Парискиот договор и да го препознаеме и прифатиме влијанието на климатските промени како закана за безбедноста и стабилноста во светот и разорните последици од овие промени врз човештвото.

„Национално дефинираните придонеси се клучни за да се забрзаат активностите во однос на климатските промени. Северна Македонија ги зголеми националните придонеси според Парискиот договор, а тие се инкорпорирани како цели во нашите национални закони и политики“, рече претседателот на Владата на Северна Македонија, Заев.

Спроведувањето на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој се од централно значење за постигнување вистинска промена и градење одржлива иднина за сите, особено, според Заев, во елиминирањето на сиромаштијата, нееднаквоста, негативното влијание на климатските промени, а Владата на Северна Македонија, додаде тој, целосно се залага за спроведување на Агендата 2030 што произлегува од националните стратегиски документи и локалните планови.

Како земја активен партнер на меѓународните коалиции против тероризмот Владата ќе продолжи да придонесува кон мултилатералните напори за борба против тероризмот, како и во справувањето со уште еден современ предизвик – масовните миграции.

„Веќе со години сме на првата линија на фронтот и имаме искуство од прва рака во однос на влијанието на миграциите. Кризата со миграциите исто така предупредува дека не може да работиме сами во изолација. Траењето на миграциската криза покажува дека не може да го стиснеме копчето за пауза. Треба да ги здружиме нашите напори и со стратегиска визија, механизми за соработка и инцијативи треба да ги решиме причинителите за миграциската криза, да ги издвоиме позитивните аспекти од миграциските текови и кризата да ја претвориме во можност. Како и во изминатиот период, ние активно ќе соработуваме во овој процес“, подвлече на оваа тема премиерот Заев.

Тој истакна дека здружен, мултилатерален настап е неопходен и кога станува збор за лажните информации и дезинформациите, заедно со целно-насочените кампањи кои се закана и го поткопуваат глобалното демократско владеење, истовремено ставајќи ја на испит отпорноста на демократските општества во целиот свет.

Премиерот Заев во завршницата на своето обраќање нагласи дека унапредувањето и заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото остануваат темелни столбови на вредностите и дејствувањето на Обединетите нации, и дека широко распространетата неказнивост и отсуството на отчетност, нè потсетуваат дека сè уште има многу да се работи на ова поле и тоа на национално, регионално и глобално ниво.

„Република Северна Македонија и натаму цврсто го поддржува мултилатерализмот. Ќе продолжиме да работиме со сите засегнати страни во денешниов фрагментиран свет. Ова е наш заеднички свет. Заложбите кои ги преземаме на Генералното собрание на Обединетите нации се пренесуваат низ целиот свет. Сепак, нашето дејствување во сопствените земји е она што ја обезбедува заштитата на човековите права и
добросостојбата секој поединец. Со нашите дела да ги оправдаме нашите заложби за подобар свет за сите нас“, потенцира Заев на пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

актуелно ГС Заев ОН
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.