Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП за МИА: Во Брисел владее оптимизам за датумот
Политика

Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП за МИА: Во Брисел владее оптимизам за датумот

септември 27, 2019Updated:септември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Франција не е априори против влезот во Европската унија на државите кои ги исполнувата критериумите.

Париз не се противи, но таму фокусот во моментов го става на реформите на самата Унија.

Ова во интервју за МИА го порача европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, која е прва пратеничка со македонско потекло во Европскиот Парламент.

Таа вчера беше избрана за прва потпретседателка на делегацијата помеѓу ЕУ и Северна Македонија.

Во интервју за МИА, таа говори за нејзините очекувања за нашата земја во октомври како и во наредните пет години и изразува оптимизам дека кон средината на следниот месец Европскиот совет ќе одреди датум за почеток на преговорите, нагласувајќи оти тој оптимизам е мошне видлив во Брисел.

Како единствена пратеничка со македонско потекло во овој мандат на Европскиот Парламент и член на делегацијата ЕУ-Северна Македонија, кои се вашите желби или амбиции за земјата во наредните пет години?

Јас сум родена во Словенија со македонско потекло и горда сум и на Словенија и на Северна Македонија.

Мојата прва желба е сега Северна Македонија да добие зелено светло за да почнат преговорите, сите знаеме дека ќе биде долг пат, сигурно нема во наредните пет години да стапи во ЕУ, прво што треба за луѓето е некаков позитивен сигнал и мојата желба е сега да се добие тоа зелено светло и да се оди напред.

Дали мислите дека е изводливо сега на 15-ти октомври да се добие тоа зелено светло, кои се вашите информации?

Мислам дека да, по ходниците ако можам така да кажам, се зборува со оптимизам, барем за Северна Македонија, сега очекувам дека ќе се даде зелено светло и дека ќе се почне да се оди напред.

Мислите дека ќе се одвои од Албанија?

Има различни информации, има сценарија според кои ќе се одвојат на крајот, не знам што ќе се случи.

Бидејќи сте дел од групата на Либералите каде членува и партијата на претседателот Макрон, а знаеме дека Франција е еден од противниците, какво е расположението кај вашите француски сопартијци околу преговорите?

Не знам дали можам да кажам дека се баш противници, колку што гледам од разговорите со нив, дали е затоа што разговараат со мене, но немам чувство дека се баш против, само сакаат ЕУ да се реформира и после тоа да почне да се проширува, но тоа не значи дека тие не се за да влезат тие држави што ги исполнуваат критериумите, но тоа е сѐ, тие не се априори против.

А дали се против датумот во октомври?

Порезервирани во смисла не сакаат јавно да расправаат околу тоа, но јас мислам на крајот Макрон – ќе биде сѐ во ред.

Доколку нема датум, или повторно биде одложен, мислите ли дека постои ризик Северна Македонија да се оддалечи од европските цели?

Да, јас мислам дека веќе неколку години постои тој ризик, сега само може да се продлабочи бидејќи луѓето, и кога разговарам со мојата фамилија, се многу разочарани, навистина заслужуваат нешто да добијат да има некаква надеж, да се почне.

И мислам дека ЕУ толку време, ако ветиш нешто и ако една држава го направи сето тоа, го смени името, мислам дека нема никаква причина да не се почне.

Секако дека се тука и реформите, не е сѐ перфектно, но треба да се почне.

Во однос на внатрешната ситуација и на реформите, кои би биле вашите главни забелешки кон Македонија во овој момент?

Најактуелната афера ја знаеме сите, за жал.

Иако сега е малку смирена работата и тука во Брисел, во ЕУ нема голема причина да кажат дека нема да има ништо во октомври, но секако е некаков доказ дека Северна
Македонија има уште многу, многу работа со реформите.

Претпоставувам дека се однесува на законот за јавно обвинителство… бидејќи преговорите се закочени меѓу власта и опозицијата и дека има ризик да не биде изгласан законот до 15-ти, дали велите дека тоа нема да спречи позитивна одлука?

Треба опозицијата и власта да бидат согласни.

Тоа ќе биде најголем сигнал, иако не е сѐ во ред со законот, тоа ќе биде знак, да не бидат скарани, дали е тоа можно не сум сигурна но тоа би било најдобро.

А ако не?

Не знам, подобро да не збориме за тоа сценарио, да бидеме оптимисти и да кажеме дека ќе биде сѐ во ред.

Последно прашање, кои се вашите планови за време на вашиот мандат, некакви иницијативи во однос на Северна Македонија?

Прво да кажам мојата примарна цел, мојата примарна држава и интереси се Словенија.

А за Северна Македонија јас секако кога ќе проценам дека можам да помогнам ќе помогнам, еве сега формираме група Пријатели на Северна Македонија со други европратеници, јас ќе бидам во делегацијата со Северна Македонија, ќе бидам прва потпретседателка и ќе почнеме сигурно, и не само за Северна Македонија туку за Западниот Балкан, тука има многу негативна конотација кога ќе се спомне Балканот, сакам да се смени тоа, не е сѐ негативно, сакам добрите работи што се од „долу“ да ги
донесам тука и да видат луѓето дека не е сѐ така лошо.

МИА

актуелно Брисел датум Еп Јовева пратеничка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.