„Во 2018 година има зголемен број на нови правни субјекти, односно 4.500 нови субјекти се регистрирани лани“, наведе директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски, а тоа, како што рече, се должи на добрата бизнис клима во државата.
Ова бројка е поголема за 1.000 правни субјекти повеќе во споредба со 2017 година.
Стручен тим, предводен од директорката Бошковска Јанковски, денеска одржа отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Струмица.
Целта на отворените денови е да се отстранат сите административни бариери со кои што се соочуваат малите бизниси и бизнис-заедницата во државата.
„Граѓаните најчесто реагираат на уписните промени, на прашања поврзани од областа на каков начин можат да дојдат до електронските потврди и регистрацијата, бидејќи сега имавме еден проект, кој го промовиравме во изминативе три месеци, за подигањето на техничката помош преку „Е регистрација“, каде физичките лица сами може да регистрираат правен субјект со поседување на токен“, рече Бошковска Јанковски.
За време на отворениот ден граѓаните имаа можност да се консултираат за прашања поврзани со работењето на институцијата и да добијат потребни информации и одговори на нивните прашања.







