Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка
Во Фокусот

Филипче: За првпат воведена иновативна терапија против рак на дојка

октомври 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Да се подигне свеста кај жените за навремен преглед со цел да се спасат повеќе животи, да се нагласи важноста на превенцијата и да се зголеми информираноста кај
населението за ракот на дојка, се главните пораки испратени од 11-та розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ и Амбасадата на САД во земјава.

Министерот за здавство, Венко Филипче, даде поддршка на оваа кампања и рече дека Министерството за здравство за првпат оваа година спровело набавка на скапи цитостатици и благодарение на тоа, како што рече, на сите жени на кои им е потребна терапија после операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со цела терапија што им е потребна.

„За првпат е воведена и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациенти. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи како што е тоа во најразвиените земји во светот“, рече Филипче.

Истакна дека се работи на квалитетот и на постојните мамографи и веќе од средината на минатиот месец сите се целосно сервисирани и во функција и тоа ќе го намали времето на чекање за потребниот преглед.

Најави дека во тек е набавката на осум нови мамографи, и ќе бидат соодветно распределени за жените да имаат пристап до мамографијата.

„Паралелно на сето тоа го започнавме и розовиот караван заедно со здружението „Борка“ за подигање на свеста и важноста за изведување на овие прегледи. Рана детекција може да значи целосно излекување и спасување животи“, рече Филипче.

Апелираше на жените да се одзиваат на поканите што ги добиваат и да ги прават редовните мамографски прегледи.

„Оваа година пациентите оперирани од рак на дојка ги добија градниците како ортопедско помагало, следната година планираме во план да влезе и нараквицата која значајно го зголемува квалитетот на живот и го олеснува функционирањето, и сакам да го најавам целосното ослободување од партиципација за сите пациенти оперирани од малигни болести за дијагностика, не само за лекување, за она што следи за контролни прегледи после третманот“, рече Филипче.

Претседателката на здружението „Борка“ Биба Додева вели дека 11-та година по ред ја организираат прошетката „Напред розово“, со цел да ја подигнат свесноста кај жените за навремен преглед, за да се спасат повеќе животи, да се открие ракот во ран стадиум.

„Благодарение на Министерството за здравство годинава имаме доста промени, среќни сме што имаат отворен пристап, и ние од оваа страна пациентите се чувствуваме дека конечно дека некој ги слуша нашите потреби и работите почнаа да се менуваат. Има уште многу работи да се сменат, свесни сме сите за тоа“, вели Додева.

Додаде дека „Напред розово“ е почетокот на кампањата со која се одбележува светскиот месец на борба против ракот на дојка, со што и земјава станува дел од светското семејство за борба против оваа болест.

Вели дека зголемувањето на инциденцата е тренд на секаде во светот, но она каде што има напредок е да ја менуваме статистиката на морталитет, со цел поуспешно преживување во борбата со ракот на дојка.

Во врска со долгото време на чекање за преглед за мамографија, вели дека уште од минатата година проблемот е детектиран.

„Министерството за здравство веднаш реагираше, и од оваа година веќе се набавени нови мамографи, а кога ќе се стави функција и скрининг програмата, тој проблем ќе се надмине“, рече таа и додаде дека сега се чека од месец до два, на некои места две недели, додека оние кои се веќе оперирани имаат приоритет за мамографски преглед, и тука нема поплаки од пациентите.

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска рече дека превенцијата е од исклучително значење за оваа болест, како што е начинот на исхрана, употребата на алкохол и тутун.

Истакна дека важни за подобрување на успехот во лекување на болеста се раната дијагностика, самопрегледот на жените, раниот ехо и мамографски преглед, како и новите методи на минимално инванзивна терапија.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Бернс рече дека целта на оваа кампања е да се подигне свеста за оваа болест како и информираноста дека раните прегледи се од исклучителна важност во борбата против ракот на дојка.

„Горда сум што американската Амбасада 11-та година по ред е во партнерство со „Борка“ во оваа кампања. Ова е исклучителна можност за да ги зголемиме средствата, да ја зголемиме свесноста, да ги охрабриме луѓето за ран скрининг и рана дијагностика за да се свесни за оваа болест, како и да ја зголемиме надежта“, рече американската амбасадорка во Скопје.

актуелно рак на дојка терапија филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.