Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Електронско плаќање и на патарината Миладиновци
Економија

Електронско плаќање и на патарината Миладиновци

октомври 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Патарина на наплатната станица Миладиновци на Коридор 8 од денеска може да се плаќа и по електронски пат со М – картичка. Електронската наплата на таа станица ќе се врши само со М-карт, но не и со М-таг како што е на останатите патарини на
Коридорот 10.

Воведувањето електронско плаќање е самостоен проект на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД).

– За да врши контрола и да се поврзе со системот на потегот Романовце Миладиновци спроведовме проект за електронска наплата на Миладиновци со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) што изработија софтверско и хардверско решение.

Направени се тестови и функционира како што треба. На видни места има обележувања дека може да се врши електронска наплата, изјави за МИА Марко Брезовски, раководител на Одделението за наплата на патарини и контрола при ЈПДП.

На почетокот на јули годинава стартуваше електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовица, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец, проект што се спроведе со кредит од Европската банка за обнова и развој.

Досега се продадени 10.337 електронски картички и тагови, и со таа бројка, како што вели Брезовски, се надминати проекциите на ЈПДП.  Зголемената продажба, потенцира, е олеснителна околност во поглед на организација на работата на патарините.

Според Брезовски, во текот на месецов ќе профункционира плаќањето патарини за моторџиите со новата воведена прва категорија 1А за нив. Со воведувањето на таа категорија што е подготвена и е вметната во ценовникот на ЈПДП моторџиите треба да плаќаат поевтина патарина на сите станици на коридорите 8 и 10.

Со заем од 13 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, ќе се финансира надградбата за електронска наплата на петте наплатни станици на Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици (две на автопатот Миладиновци-Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид).

Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 патарини со цел да се промовира поголемо користење обновлива енергија.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно електронска наплата миладиновци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.