Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Наш таргет се компании со повисок степен на технолошки развој
Економија

Анѓушев: Наш таргет се компании со повисок степен на технолошки развој

октомври 14, 2019Updated:октомври 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Почесните конзули преку својата економска дипломатија може да помогнат во привлекување кредибилни инвеститори во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, гасоводна дистрибутивна мрежа, голем откупен центар на земјоделски производи, како и компании кои вработуваат високо технолошки кадри за задржување на младите и извезување на готови производи.

Ова го порача вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори Кочо Анѓушев зборувајќи за можностите за поефикасно спроведување на економската дипломатија од страна на почесните конзули во делот на индустријата и странските инвестиции, во рамки на дводневната конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство.

Анѓушев пред дипломатите ги објасни измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и можностите на програмата за добивање на финансиска помош од државата.

– По овој закон имаме потпишано 30 договори со компании од САД, Германија, Швајцарија и други развиени земји, кои препознале дека нашите услови се конкурентни во регионот, рече Анѓушев.

Тој посочи дека програмата важи за сите инвеститори и внатре и надвор од индустриските зони и дека секоја направена инвестиција може да конкурира за поврат до 10 проценти или еден милион евра од инвестицијата, како и за поврат од 30 преоцент на инвестицијата во развоен центар.

– Се градат голем број компании како резултат на поддршката. Сите сектори се важни, но ако направиме анализа, растот на БДП е врз растот на индустриското производство. Очекуваме овој тренд на раст да продолжи. Ние проектираме раст од над три проценти. Имаме сериозен раст на бруто инвестициите и растот на економијата во моментот е генериран од приватниот сектор и индустријата, изјави Анѓушев.

Наш таргет, нагласи тој, не се инвеститори кои ќе бараат евтина работна сила, туку компании кои се од повисок степен на технолошки развој.

– Не е важно да вработуваат по четири пет илјади работници, поважно е да вработуваат високо технолошки кадар и да бидат со 300, 400, 500 вработени, каде дозволуваат платите да бидат над просекот во државата.

Целта е да ги задржиме младите. Наместо да извезуваме луѓе во другите држави, ние да извезуваме готов производ, изјави Анѓушев.

Освен привлекување инвестции, важно е и промоција на нашите домашни компании да ги освојат и успеат на странските пазари.

– Земјоделските производи во нашата држава се конкурентни, но проблем е што нема голем организиран откупен центар. Доколку можете би било добро да има иницијатива од ваша страна за некој средно голем синџир маркети, што ќе направи откупен центар, изјави Анѓушев.

По официјалниот дел на конференцијата, почесните конзули ќе имаат работна посета на Технолошката индустриска развојна зона во Бунарџик, како и посета на градовите Штип, Струмица и Кавадарци, со цел запознавање со проектите и капацитетите за инвестиции и соработка кои ги нудат овие градови.

Конференцијата со почесните конзули е во рамките на активностите за поефикасно реализирање на целите на економската дипломатија на Министерството за надворешни работи и има за цел да се воспостави подобра комуникација и координација на Почесните конзули со институциите во Република Северна Македонија, како и да се запознаат со економските политики на земјата, особено во делот на зајакнување на економската и трговската соработка со странските држави.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/3152549861453220/

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Анѓушев евтина инвеститори работна сила
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.