Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пред српската Влада протест „Новинари против фантоми“
СВЕТ

Пред српската Влада протест „Новинари против фантоми“

октомври 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Групата за слобода на медиуми вечерва организираше протест пред зградата на српската Влада под мотото „Новинари против фантоми“ поради притисок врз новинарите во телевизијата Н1, јави дописникот на МИА од Белград.

Непосреден повод за протестот беше вчерашниот настан кога две маскирани лица внесоа околу 500 летоци во дворот на телевизијата Н1, на кои пишуваше „Република Србија – збогум.  Добродојдовте на Луксембург“.

Покрај бројните медиумски работници, пред српската Влада вечерва имаше и граѓани кои дојдоа да ги поддржат новинарите.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше: „Овој режим не е во ред, заробени се медиумите и државата“ и „Пропагандна машинерија на Вучиќ“, со логоа на телевизиите со национална фреквенција и таблоидите.

На протестот се обрати новинарката Тамара Спаиќ, која рече дека Н1 телевизијата работи тоа што требаше јавниот сервис.

Таа истакна дека граѓаните сакаат да знаат кои се фантомите кои ја нападнале Н1 и фрлиле летоците.

„Обвинителството и полицијата да се разбудат од длабок сон и да почнат да работат“, наведе Спаиќ.

Претседателот на Независната асоцијација на новинари на Србија (НУНС) Жељко Бодрожиќ истакна дека во Србија се живее во општество во кое нема слобода на медиумите и дека луѓето од Европска Унија конечно тоа го виделе.

„Ако Србија сака да се приклучи на семејството на европските земји, таа мора да ги ослободи медиумите и да ги остави новинарите на мир да си ја вршат својата работа“, рече Бодрожиќ.

Новинарот Слободан Георгиев посочи дека немало да се знае што се случува во Србија, доколку не би постоела Н1 телевизија.

Тој додаде дека она што се случи во понеделникот пред зградата на споменатата телевизија е само надворешна манифестација и дека притисоците се многу полоши и траат цело време.

По неговото обраќање, новинарите ги кренаа своите новинарски легитимации за да покажат дека нема да се откажат од борбата слободно да си ја вршат својата работа, со што протестот заврши.

Ист ваков протест вечерва беше одржан и во Ниш.

Во пресрет на вечерашниот протест познатата новинарка Гордана Суша изјави дека за време на Слободан Милошевиќ имало повеќе слобода во медиумите.

Денешното време е неспоредливо, имаме 1.300 медиуми, што е многу за толку мала земја, но 90 проценти од овие медиуми едногласно зборуваат и лажат – лажењето стана легитимна работа.

Од независни медиуми, сега имате една кабелска телевизија, три неделни весници, еден дневен весник и неколку портали, и тие се на мата и под постојан притисок од „генералниот диктатор во Србија“.

Во недела МИА објави интервју со главниот и одговорен уредник на весникот „Данас“ и еден од авторите на емисијата „Пљиж“ на ТВ Н1, Драгољуб Дража Петровиќ, кој за состојбата со слобода на медиумите истакна дека „Слобода на новинарството во Србија постои, но не се гарантира слобода после говорот“.

„Знаете, ниту еден политичар не сака негативен публицитет, но слобода на говорот е темел на Европската Унија. ЕУ благонаклонето гледа на Александар Вучиќ, сметајќи дека тој е лидерот, кој ќе го реши проблемот со Косово, како што тие тоа го бараат. Така тој ги држи во неизвесност седум години, но ќе мора да го реши Косово, па затоа ЕУ не ја интересира ситуацијата со медиумите во Србија. Ние немаме некоја помош и
поддршка од нив, освен што повремено, некој од нивните претставници ќе дојде во редакцијата на „Данас“ и ќе ни каже дека се длабоко посветени на демократските принципи, владеењето на правото и на слобода на медумите. А тоа е се она што во Србија се крши секојдневно од власта. И тие просто, говорат само во фрази и не сакаат на ниту еден начин да ни помогнат или да не одбранат од оваа власт, која е премногу бесрамна во поглед на односот кон медиумите“, истакна Петровиќ во интервјуто за МИА.

протест српска влада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција

октомври 16, 2026

Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.