Германската канцеларка Ангела Меркел и идискиот премиер Нарендра Моди денеска се договорија дека двете земји ќе ја подобрат соработката во борбата против климатските промени, кибернетичката безбедност, развојот на вештини, вештачката интелигенција, енергетската безбедност, за цивилното воздухопловство и производството за одбраната.
Во текот на средбата потпишани се и неколку спогодби, пренесува АП.
Моди истакна дека Индија тежнее да оствари профит, додека Меркел во текот на средбата потенцирала дека нејзината држава сака да соработува со Индија на инфраструктурни проекти, водоснабдување и третирање на отпад.
Во германската делегација биле неколку министри и државни секретари, како и претставници деловниот сектор.
Како што се наведува во информацијата на агенцијата АП, Германија е најголем трговски партнер на Индија во Европа.
Инаку, во Њу Делхи денеска заради големото загадување на воздухот е прогласена вонредна состојба, а донесена е и одлука да се затворат училиштата до 5 ноември.







