Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ петти пат во кариерата го освои Мастерс турнирот во Париз, откако во финалето го совлада Денис Шаповалов од Канада со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4).
Ова беше нивни четврти дуел оваа година и четврта победа на Ѓоковиќ, поисле Мелбурн, Рим и Шангај.
Српскиот ас стигна до 34 трофеј на Мастерс турнирите и сега има само еден помалку од Рафаел Надал.
Ѓоковиќ, сепак, и покрај триумфот, во понеделник ќе му го препушти првото место на Шпанецот првото место на АТП листата, но веќе на завршниот Мастерс во Лондон има прилика да се врати на врвот.
Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од 5,2 милиони евра.







