Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Палмер среде Белград порача: Ќе ја промениме „историската грешка“ кон Македонија
Македонија

Палмер среде Белград порача: Ќе ја промениме „историската грешка“ кон Македонија

ноември 4, 2019Updated:ноември 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„ЕУ направи историска грешка и испрати лоша порака за целиот регион со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска од Белград заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер.

„САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб во мај, изјави Палмер на денешната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Палмер со оваа изјава ја започна прес-конференцијата, најавувајќи дека главна тема на состанокот со српскиот претседател била политичката ситуација во регионот и косовското прашање, поврзувајќи го ова со како што рече, „ставот на САД дека сакаат Западен Балкан да има европска перспектива“.

На ова изјава на Палмер, се надоврза и Вучиќ, кој изјави дека Србија се залага за соработка со земјите од Западен Балкан, што се гледа и преку продолжување на состаноците со Северна Македонија и Албанија, а потоа и со сите останати неделава во Охрид. Вучиќ денеска најави разговори со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, да се договорат за деталите, заблагодарувајќи се на поддршката од САД за идејата за т.н. мал Шенген.

„Отворено можам да кажам, дека САД ја поддржаа оваа идеја, која се заснова на четирите слободи на движење на стоки, луѓе, услуги и капитал и ние тука очекуваме и дополнителна поддршка и од Палмер и од САД воопшто, изјави Вучиќ.

Говорејќи за прашањето околу Косово, Вучиќ изјави дека разговорите со Палмер биле „отворени и искрени“ и додаде дека е задоволен од нивната содржина.

„Задоволен сум што ги разгледавме сите спорни прашања, сите разлики што постојат меѓу нас, решени да изнајдеме решенија за во иднина што ќе значат подобри билатерални односи меѓу САД и Србија, но и конструктивен пристап и обид да се вратиме на дијалогот со Приштина, што е можно поскоро дијалог, рече Вучиќ, додавајќи дека не сака за ова јавно да говори и дека се познати различните ставови на САД и на Србија за Косово.

Одговарајќи на новинарско прашање околу идната косовска Влада и правото на вклучување во неа на претставници на Српската листа, Палмер рече дека е јасно оти „Српската листа доби поддршка од мнозинството Срби во Косово и со тоа има право да биде преставена во косовската Влада“.

„За ова разговарав нашироко со лидерите во Косово и мислам дека е важно Србите да имаат можност да се изразат преку политичкиот процес, порача Палмер.

За оваа прашање свој став изнесе и Вучиќ, кој рече дека Српската листа учествувала на изборите во Косово според Бриселскиот договор и добила повеќе од 95 проценти од гласовите на Србите, додавајќи дека „претставниците на Српската листа мора да бидат во Владата доколку тоа го сакаат“.

„Според косовскиот Устав, во Владата може да има и некои други Срби, но само ако ги добијат гласовите на Српската листа, оцени српскиот претседател кој на прес-конференцијата упати покана до претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја посети Србија.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Загреб историска грешка палмер САД самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.