Најголемиот натпревар во шпанското првенство меѓу Барселона и Реал Мадрид и официјално е закажана за во среда на 18 декември, објави Ла лига.
Средбата што требаше да се одигра на 26 октомври, а одложен заради политичката состојба во Каталонија, со одлука на челниците на Примера ќе биде речиси еден месец подоцна на „Ноу камп“.
Претходно овие два клуба одбија да го заменат домаќинството и не успеаја да се договорат за нов термин.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија побара дуелот Барселона-Реал да се одигра на 7 декември, односно за викенд, но е закажан за 11 подоцна.
Договорено е дербито на „Ноу Камп“ да почне во 20 часот.
(Фото: АП)







