Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски – Бернс: Членството во НАТО важно и од безбедносен и од политички аспект
Македонија

Пендаровски – Бернс: Членството во НАТО важно и од безбедносен и од политички аспект

ноември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членството на Северна Македонија во НАТО е важно и од безбедносен, но и од политички аспект. Покрај осигурување безбедна иднина и заедничко справување со модерните безбедносни закани, тоа значи и споделување заеднички вредности за чување на слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата засновани на принципите на демократија, индивидуална слобода и владеење на правото, како и стабилни и демократски институции, порачаа претседателот Стево Пендаровски и американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс.

Членството во НАТО за нас, рече Пендаровски на предавањето на тема „Значењето од пристапот на Македонија во НАТО“ на Универзитетот Американ колеџ-Скопје, е важно затоа што како мала држава со ограничени ресурси за одбрана и безбедност, потребно ни е да бидеме дел од систем на колективна безбедност.

„На пример членот 5 од Северноатлантскиот договор гласи дека доколку една земја членка е нападната, одговор ќе следи од сите. Ова значи дека како идна членка на НАТО нашата безбедност се гарантира од сите земји членки на Алијансата, рече Пендаровски.

НАТО-членството, додаде, ѝ овозможува на нашата армија да биде дел од глобален систем за одбрана во блиски односи и соработка со армиите на нашите партнери.

Но, како што потенцира, тоа не значи само безбедност и воена обука, туку и развој, нов пазар на труд и нов пазар за нашите компании. Исто така, пососчи, НАТО има многу програми за јавна дипломатија за истражување и развој во кој може да учествуваат студенти и граѓанскиот сектор.

„Членството во НАТО значи и споделување исти вредности, бидејќи договорот за членство вели дека членките се обврзуваат да ги чуваат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на народите засновани на принципите на демократија, индивидуална слобода и владеење на правото, истакна претседателот.

Со членството во Алијансата, според него, нема да исчезнат сите безбедносни ризици, бидејќи живееме во динамичен свет каде безбедносните закани се асиметрични и не може секогаш да се предвидат.

Најдобриот начин за справување со современите безбедносни закани, потенцира, е колективната безбедност, затоа што тогаш не сме сами туку имаме сојузници со кои можеме да ги здружиме ресурсите и заеднички да одговориме.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Бернс вели членството во НАТО е огромно достигнување до кое не било лесно да се дојде. Но, потенцира таа, тоа ќе овозможи младите луѓе како што ќе го продолжуваат своето образование и ќе градат кариерара имаат можност да ги искористат поволностите што овој процес ги нуди и ги носи со себе.

Една од предностите, рече, е осигурувањето на безбедноста.

Во тој контекст и таа како и Пендаровски го спомена членот 5 од Северноатлантскиот договор во кој нападот на една земја се смета како напад на целата Алијанса. Според неа, поволностите од овој член, САД ги почувствувале во септември 2011 кога сите сојузници застанаа зад земјата по страшните терористички напади.

„Различните видови закани со кои се соочуваме сега се екстремно комплицирани и се закани со кои ниедна земја не може да се соочи сама па дури ни САД. Ставањето на нашите можности и капацитети заедно во заедничка одбрана е единствениот начин на кој ќе бидеме подготвени и ќе можеме да успееме и да овозможиме безбедност за идните генерации, рече Бернс.

Користа од НАТО, смета и американската амбасадорка, не е само од воен, туку и од политички аспект и вредности кои, исто така, се многу важни.

„Тие ја вклучуваат важноста на демократските институции и цивилна контрола на воените сили, но и мерки кои овозможуваат транспарентност и зајакнување на институциите, рече Бернс.

Таа порача дека земјава треба да биде целосно подготвена за членство во Алијансата. Треба, потенцира Бернс, да биде подготвена армијата, институциите, се треба да е завршено за кога земјата стане членка на НАТО да нема прашање за придонесот на Северна Македонија во Алијансата, туку да биде доживеана како целосен и вреден член. Затоа, смета американската амбасадорка Бернс, Северна Македонија треба да се продолжи со реформите.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/280323699554597/

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно безбедност Бернс НАТО пендаровски членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.