Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Голема акција за чистење на 14 декември, администрацијата ке одработи на 2 јануари
Македонија

Голема акција за чистење на 14 декември, администрацијата ке одработи на 2 јануари

ноември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата организира голема акција за чистење ѓубре со учество на вработените од државните институции, која ќе се одржи на 14. следниот месец (сабота) на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата. Со акцијата сите вработени од институциите ќе се приклучат на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, под мотото „Чистиме со Не биди ѓубре“, а воедно ќе го одработат 2 јануари годинава, што беше прогласен за неработен ден.

Во акцијата се очекува да бидат вклучени над 40.000 луѓе. -На овој начин, вработените ќе го надоместат неработењето на 2-ри јануари 2019, кој беше прогласен за неработен за државните институции. Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите, информира денеска на прес-конференција министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Поради природата на работата, вработените од здравствениот и образовниот сектор, градинките, како и оние вработени чијашто природа на работата не дозволува отсуство од работа, ќе се приклучат на акцијата со тоа што ќе ја чистат околината на установите во коишто работат или на друг начин кој ќе го договориме.

За успешна организација на акцијата на вчерашната седница Владата формирала и работна група во која има претставници од Кабинетот на премиерот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, МИОА, Градот Скопје и ЗЕЛС, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП за одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта. Онаму кадешто ќе биде потребно ќе бидат обезбедени и соодветни алат и механизација да помогнат во чистењето.

Манчевски апелираме и до локалната самоуправа и институциите на општините, да се приклучат на акцијата и заедно да помогнат за почиста животна околина.

„Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане и традиционална, со што вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, која е на сите и за сите. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата, нагласи Манчевски.

На акцијата ќе се приклучат и Делегацијата на ЕУ и амбасадорот Самеул Жбогар од каде ќе обезбедат и опрема којашто би ја користеле луѓето при чистењето. Конкретни информации за локациите и распоредот на вработените од институциите ќе бидат објавени во следните денови, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

администрација актуелно акција јануари одработување чистење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.