Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците
Македонија

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

декември 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците ќе ги испочитуваме и ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го кажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп, каде беше на увид на работите на клучката кај Технолошкоразвојната индустриска зона.

-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите, рече премиерот Заев.

Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува. – Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.

Како што реќе, СДСМ е авангардата за донесувањето на овој закон, заедно со коалицискиот партнер и дека поддршка дале и другите албански политички партии, но и другите партии од помалите етнички заедници, зашто тоа е придобивка за сите.

Премиерот Заев посочи дека станува збор за Закон за употреба на јазиците, онака како што предвидува Уставот.

Тој нагласи дека законските решенија се авангардни дури и за европските конвенции и дека Законот за употребата на јазиците не е за да се прави тензија, туку да се разбираме сите и да се почитува Уставот.

– Не беше одамна кога го донесовме Законот за употреба на јазиците.

Прво направивме авангардна, проевропска одлука, согласно со Уставот кое беше обезбедено за граѓаните, но со Закон не беше дозволено. Тоа го овозможивме. Функционира повеќе од една година. Почитувани прилепчани, струмичани, гевгеличани, гледате дека не мора да се учи албански, се разбира, освен оној кој сака да ги усовршува знаењата. Да ја разбиеме таа лоша теза која предизвикуваше одредени националистички нетрпеливости во државава. И самата Венецијанска комисија кажува дека Законот е авангарден. Дури ги поминува одредените европски конвенции во делот на правата на употребата на јазиците. Јазиците се да се разбереме, рече Заев.

Тој изрази уверување дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува.

– Тоа ќе го направи СДСМ сигурно, а верувам сигурно тоа ќе го направат и нашиоте коалициски партнери зашто разговараме за оваа работа. Никој не сака да загуби предмет на суд или да биде неправично осуден, односно самата пресуда да не стигне, или каква било граѓанска постапка поради тоиа што одредено друго право било надминато поовеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено. Тоа не смееме да го дозволиме. Секако сите други укажувања ќе ги адаптираме, истакна Заев.

Министерството за правда, како што рече, ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе се испратат за да се каже (Венецијанската комисија) дали е тоа – тоа за да може соработката да ја потврдиме и ќе се пушти во Парламентот за тој да го констатира.

-Така, верувам дека транспарентноста е здрава за сите. Дури, ваквите авангардни решенија носат права, поголем квалитет на животот за сите во нашата мултиетничка земја. Дефинитивно сакаме да бидеме европска земја и Венецијанската комисија треба да ја почитуваме, рече премиерот Зоран Заев.

актуелно венецијанска Заев закон јазици Комисија употреба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.