Израелски авиони ноќва бомбардираа позиции на палестинското движење Хамас во појасот Газа, затоа што од тоа подрачје вчера беа истрелани три ракети врз Израел.
Во соопштението на израелската војска кое го пренесува АП, се наведува дека цели на нападот биле воени кампови и поморска база на Хамас.
За сега ема информации за евентуални жртви.
Вчеравечер Израел соопшти дека неговата противвоздушна одбрана, позната под името „Челична купола“, пресретнала и соборила три ракети истрелани врз појасот Газа.
АП додава дека ниедна палестинска група не ја превзеде одговорноста нападот, но дека Израел смета дека Хамас е одговорен за кој било напад од Газа.







