Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Милевски: Да се напушти моделот на институционална и да се почне со функционална децентрализација
Политика

Милевски: Да се напушти моделот на институционална и да се почне со функционална децентрализација

декември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Владата изминативе две и пол години јасно ја препозна улогата на локалните власти во демократскиот и економскиот развој на државата и во процесите на интегрирање на
земјата во ЕУ. Ова е година на интензивен дијалог меѓу локалната и централната власт, за создавање услови за продлабочување на децентрализацијата на власта“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, во рамките на Седница на Заедничкиот консултативен комитет на региони на Европската комисија.

Милевски додаде дека процесот на децентрализација кај нас го нема достигнато нивото на избалансираност меѓу надлежностите и средствата и тоа се одразува на работењето на општините, појаснувајќии оти е потребно поголемо ангажирање на локалните власти за прибирање на сопствените даноци, такси и порационалното трошење на јавните средства.

Преговорите за членство во Европската Унија, како што додаде министерот, уште се најголемата надеж за градење на модерна, демократска држава, што ќе се интегрира во Европското семејство, врз основа на европските вредности за правда, демократија и добро управување.

„Ние не се откажуваме. Големо охрабрување е нашето сега веќе извесно членство во НАТО, особено по Самитот во Лондон каде што нашите претставници седнаа на иста маса со сите други земји, членки на Алијансата“, рече Милевски.

Според министерот, сега кога Владата го отворила прашањето за трансфер на нови надлежности и ресурси, приоритет е финансиското консолидирање на општините и продолжување понатаму врз основа на принципот на Европската повелба за локална самоуправа-трансферот на надлежности соодветно да биде следен со финансиски средства.

„Нашите помали и руралните општини немаат доволен фискален капацитет. Изразено во бројки, приходите на руралните општини изнесуваат само 14,22 отсто од вкупните приходи на сите општини во 2017 година. Време да се напушти моделот на институционална и да се отпочне со функционална децентрализација“, истакна Милевски.

Како што додаде Милевски, Министерството за локална самоуправа континуирано работи и на поттикнување на развојот на општините преку кофинансирање на проекти.

„Оваа година со околу седум милиони евра се финансирани 117 проекти за изградба на локална инфраструктура, како што се локални патишта, пешачки и велосипедски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, реконструкција на градски пазари, изградба на детски градинки, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, инфраструктура за алтернативен туризам“, додаде министерот.

актуелно децентрализација милевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.