Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски вети сигурна победа на изборите и милијарди евра за подобрување на животот на граѓаните
Македонија

Мицкоски вети сигурна победа на изборите и милијарди евра за подобрување на животот на граѓаните

декември 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во четиригодишниот мандат ќе реализира капитални инвестиции за развој во вредност од не помалку од две милијарди евра и во својот мандат ќе испорача проекти во вредност не помала од четири милијарди евра преку странски и домашни инвестиции“, вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот партиски собир „Обновата доаѓа“ во Скопје.

„Тоа јас ви го ветувам и се обврзувам на реализирани осмислени и испорачани проекти за економија со брз раст“, рече Мицкоски и додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за заштита на животната средина.

Не можам да ви ветам, посочи, дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50 отсто почист амбиентален воздух за македонските граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ победува, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи заедно, силно и обединето. Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. Тоа значи еден чекор кон целта, а конечниот крај на оваа власт, што ќе значи победа на народот, доаѓа за три ипол месеци од денес“, порача Мицкоски.

Ги издржавме, кажа, три години, со штета која ја направија за триста години, ќе ги издржиме уште три ипол месеци.

„Одговорот следи на 12 април. Следи громогласно ехо на народот, силен татнеж на обесправените, осиромашените, на измачениот народ, на оној чиј образ пробаа да го извалкаат, чие достоинство го тргуваа, чија кичма ја виткаа како да е нивната. Излегува македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои се креваат, а Македонецот кога бил сложен и обединет поместувал планини. Така ќе биде и овој пат“, потенцира Мицкоски.

Денот на изборите на 12 април го оцени како денот на одговорот, македонски референдум и ден „Д“ кога народот одлучува.

„Таа одлука значи само едно, победа на Македонија, заедничка, силна,
исправена победа“, порача тој.

Мицкоски потенцираше дека е сигурен во победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, не само поради резултатите на анкетите, туку бидејќи го познава народот и верува во него.

„Сигурен сум затоа што си го знам мојот народ, верувам во мојот народ и знам што сака тој. Мојот народ е горд и достоинствен, со крената глава и големо срце. А тоа го видов и изминатите три ипол месеци, време кога поминав 12.000 километри низ нашата Македонија, низ нашите градови и села, низ улиците, плоштадите, булеварите, заедно со комитетите. Видов илјадници луѓе, сите заедно слушнавме неколку десетици илјади проблеми во рамките на разговорите за „Обнова на Македонија“, рече Мицкоски.

Проблемите, порача, немаат ниту вера ниту нација, тие се заеднички затоа што и тешкиот живот е заеднички.

Вети инвестиции во образованието од не помалку од една милијарда евра, најмалу еден универзитет на Шангајската листа, нови болници и амбуланти и инвестиции во медицинскиот кадар во вредност од две милијарди евра, специјален пакет за земјодлците и редовна исплата на субвенциите, а не еднаш годишно како што се прави сега,…. Сето тоа како што кажа, е за младите да останат тука.

актуелно живот избори мицкоски победа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.