Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Предизборни партиски калкулации, блокади и очекувања во пресрет на техничката влада
Политика

Предизборни партиски калкулации, блокади и очекувања во пресрет на техничката влада

декември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Закажаниот датум за предвремените парламентарни избори, 12 април 2020 година, можно е да биде доведен во прашање поради одолговлекувањето на носење бројни закони во Собранието, кои за власта се од животно значење за граѓаните.

Поради тоа премиерот Зоран Заев рече дека е можна опцијата да не поднесе оставка, ако не се донесат законите, а пак опозицијата обвини оти се работи на сценарио за одложување на изборите затоа што власта се се плаши од соочување со народот.

Истовремено со ваквите најави, според неофицијалните објави на дел од медиумите, викендов треба да се одржи средба на политичките лидери на која ќе разговараат за новата техничка влада, која треба да се формира согласно со Пржинскиот договор 90 дена пред договорениот термин за изборите.

„Изборите се договорени и тие треба да се одржат на 12 април. Јас сум првиот што сака да ги запазиме сите процедури, но ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да наоѓа начини, а има право според Деловник, да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, за реализација на државните проекти кои живот значат за граѓаните, тоа се сосема серозни причини да разговараме дури и за одложување на изборите“, изјави Заев.

Дека СДСМ се подготвува и сака да има избори, според Заев, говори и фактот што за в петок партијата има закажано седница на Централниот одбор, на која треба да се одлучи за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Но, додаде премиерот, нема да дозволиме интересот на државата да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“.

Заев нагласи дека голем дел од овие закони чие донесување, според него, го кочи опозицијата, мора да се усвојaт во декември бидејќи се врзани со Буџетот за да може нивната имплементација да почне во јануари.

Во контекст на техничката Влада, според Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е едно од соодветните решенија за технички премиер.

За тоа дали е Спасовски е негов предлог, Заев рече дека тоа ќе го каже на органот што одлучува, по што и на граѓаните ќе им соопшти кој бил негов предлог и каква е одлуката на органот на партијата.

Министерот Спасовски, исто така, истакнува дека треба да се надминат разликите околу застојот со носењето закони во Собранието и во тој случај да нема проблем предвремените парламентарни избори да се одржат во предвидениот термин.

Државата, порача министерот, не треба да има проблем со „кочење“ на Парламентот и неносење закони коишто се во интерес на граѓаните.

Како што дополни министерот за внатрешни работи, носењето на одлуката за изборите беше токму детерминирана од нашето пристапување кон НАТО, врз основа на сите анализи помеѓу политичките партии, како и дека ќе се исполни условот за официјалното членство на државата во Алијансата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека е можно да не поднесе оставка ако опозицијата ги кочи важните закони за граѓаните, рече дека е рано да се разговара за такви екстремни позиции, бидејќи се уште се во фаза на координација меѓу политичките партии.

Османи истакна дека е оптимист дека ќе се надмине состојбата во Собранието и оти ќе нема потреба за одложување на изборите закажани за 12 април следната година.

„Рано е да разговараме за такви екстремни позиции бидејќи се уште сме во фаза на координација меѓу политичките партии. Таквата координација се одвива денеска и со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ за тоа како да се надмине оваа блокада во усвојување на законите во Собрание до крајот на оваа година. Сметам дека партиите ќе ги надминат овие партиски позиции и ќе најдеме начин како да ја завршиме успешно оваа агенда на Собранието оваа година и да продолжиме според договорот што е постигнат за одржување на изборите во април“, посочи Османи.

Претседателот Стево Пендаровски во вторникот изјави дека нема логика изборите да се одложат бидејќи тие се закажани само неколку месеци пред редовниот термин, како и тоа дека тоа би ги нарушило планирањата на бизнис заедницата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во врска со можно одложување на изборите, рече дека Заев работи на сценарио за одложување на изборите затоа што се плаши од избори и се плаши од соочување со народот.

„Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност. Заев знае дека сето ова негово владеење, кое е препознатливо по виткање на кичмата, рекет, изнуди, уцени, трговија со националните интереси, тепање на граѓаните и праќање на рекетари, народот не го одобрува. Затоа Зоран Заев не сака соочување со народот. Сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење“, рече Николовски.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во пресрет на вонредните парламентарни избори што треба да се одржат во април 2020 година, вчера објавија анкета според која Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и нејзиниот лидер и актуелен премиер Зоран Заев се најпопуларни меѓу граѓаните.

На прашањето „доколку утре се одржат парламентарни избори за која
политичка партија би гласале“, 22,1 отсто од анкетираните се изјасниле за владејачката СДСМ, со што партијата има благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ за која рекле дека ќе гласаат 20,4 проценти од испитаниците.

На третото место е ДУИ со рејтинг од 6,6 отсто, пред Алијансата за Албанците со 2,6 проценти, Левица со 1,7 отсто, БЕСА со 1,5 проценти, ДПА со 0,9 отсто и Алтернатива со 0,8 проценти. Два отсто од анкетираните во истражувањето изјавиле дека ќе гласаат за некоја друга партија.

Вкупно 13,8 проценти од испитаниците одговориле дека не знаат за кого ќе гласаат, 12,6 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, 2,8 проценти дека ќе го поништат гласачкото ливче, а 12,2 отсто одбиле да одговорат на прашањето.

Вчера се одржа и отворена дебата во рамки на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците за иницијативата од помалите политички партии, што ја поддржа и владејачката СДСМ, за промена на изборниот модел.

Во меѓувреме во Собранието се уште се работи на архивирање на околу шест илјади амандмани поднесени за двете измени на Изборниот законик од ДУИ од опозициската ВМРОДПМНЕ.

Извесно е дека Собранието во овој состав и пред овие предвремени парламентарни избори нема да изгласа промени на изборниот модел.

актуелно блокади партиски калкулации техничка влада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.