Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопјани ја пречекаа Новата 2020. со Дино Мерлин
Скопје

Скопјани ја пречекаа Новата 2020. со Дино Мерлин

јануари 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со хитовите на музичката ѕвезда Дино Мерлин, синоќа над 60.000 граѓани од земјава и од странство ја пречекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“.

Организатор на прославата беше Град Скопје.

„Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната
ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на Новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година“, соопшти денеска Град Скопје.

Новогодишната забава во Скопје синоќа почна во 20:30 часот.

Покрај Дино Мерлин, настапија групите „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“.

Со овој концерт завршува и „Винтерленд“, или зимскиот град кој втора година се организира на скопскиот плоштад.

Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот.

Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот фејсбук-профил им ја честита Новата година на скопјани и изрази благодарност за поддршката при, како што пишува, совладувањето на децениски натоложуваните проблеми во нашиот град.

„Во Новата година, со уште повеќе напор и ентузијазам, ќе продолжиме во нашата заедничка битка за поубав и подобар град. На сите, во Новата 2020 година, Ви посакувам многу здравје, среќа, мир, љубов, спокој во душите. Сакајте ги своите блиски, своите семејства, сакајте ги дури и луѓето кои што не ги познавате. Со љубов меѓу нас, светот станува многу поубаво место за живеење“, напиша Шилегов на фејсбук.

Светот ја дочека Новата година весело и со огномет од Сиднеј до Лондон, иако прославите останаа под сенката на пожарите во Австралија, протести во Хонг Конг и Индија, како и нуклеарни тензии со Северна Кореја.

Жителите на Кирибати, Самоа и Божиќниот Остров во Тихиот Океан беа први што влегоа во 2020 година, а последни што влезат во Новата година ќе бидат жителите на Американска Самоа.

Бројни граѓани се собраа во европските престолнини за да уживаат во спектакуларните бои што ги осветлуваа небото над Биг Бен во Лондон, Триумфалната порта во Париз, Атинскиот Партенон и московскиот Кремљ.

актуелно Дино Мерлин Нова 2020
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.