Дефанзивецот на Баерн, Жером Боатенг, најверојатно, ќе го напушти клубот.
„Клубот од Минхен е подготвен да се раздели со 31-годишниот Германец за пет милиони евра“, објавија германските медиуми.
За Боатенг заинтересирани се лондонските екипи Арсенал и Тотенхем.
„Топчиите“ веќе започнаа преговори во врска со трансферот на дефанзивецот.
Оваа сезона, Боатенг учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања. Тој игра за Баерн од 2011 година.







