Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири

ноември 3, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

ноември 3, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
  • УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
  • Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица
  • Бугарија го доби својот прв избран претседател: Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори
  • Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петровска ќе поднесува кривични пријави против Чулев за несовесно и нестручно работење
Истраги

Петровска ќе поднесува кривични пријави против Чулев за несовесно и нестручно работење

јануари 11, 2020Updated:јануари 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, поради несовесно и нестручно работење.

Кривичните пријави, како што вели Петровска, ќе ги поднесе бидејќи Чулев со неговото работење го нарушил работењето на полицијата и ја загрозил безбедноста на граѓаните.

„Техничкиот министер Чулев вчера (10.01.2020) потпишал телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици престануваат да важат.

Веднаш по доставувањето на телеграмата се обратив писмено до техничкиот министер Чулев и му посочив дека телеграмата е донесена без мое запознавање и согласност и му укажав на сериозноста на оваа негова одлука и последиците со кои ќе се соочи МВР во делот на извршувањето на својата основна функција, се наведува во соопштението од Петровска.

Со престанокот на важењето на писмените наредби, како што истакнува Петровска, се создава недостаток на човечки ресурси во делот на обезбедувањето на личности и објекти и со тоа директно се загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има обврска да ги обезбедува, како на пример амбасадите на Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ… Отежнато е постапувањето и по плановите за зајакнати мерки за обезбедување на амбасадите на Албанија и Турција.

„Директно загрозено е и обезбедувањето на делови од државната граница, граничните премини, особено делот на северната граница поради недостатокот на полициски службеници кој настана со одлуката на Чулев. Полициската станица за граничен премин Долно Блаце поседува 11 контролни пунктови за пасошка контрола, кои мора да бидат пополнети со цел нормално функционирање, а Граничниот премин Јажинце ќе престане да функционира, вели Петровска.

Според неа, со ваквото неодговорно и незаконско работење Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава, односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата, со што прави кривично дело, но и создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата.

актуелно кривична пријава
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири

ноември 3, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.