Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Несоодветно третиран медицински отпад завршувал на „Дрисла“
Скопје

Несоодветно третиран медицински отпад завршувал на „Дрисла“

февруари 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Необработен медицински отпад без почитување на пропишаниот протокол се третирал на депонијата Дрисла.

Случајот во декември го открил главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски кој реагирал професионално и одговорно затоа што имал многу дојави од граѓани дека во кругот на фирмата подолго време се случува нешто сомнително, се шири непријатен мирис и дека отпадот не се третира соодветно.

Градскиот инспекторат го известил Јавното обвинителство.

Ова го соопшти на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој побара од Јавното обвинителство да го испита случајот, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја испита работата на компаниите кои имаат лиценца.

„Ова е за жал начинот на кој бил третиран медицинскиот отпад во Скопје за кое ние немаме податоци за тоа колку долго и колку често се третирал на ваков начин. Наместо термичка обработка и стерилизација се случувало медицинскиот отпад да завршува во „Дрисла“ како обичен
отпад“, наведе Шилегов.

Отпадот, како што рече Шилегов, бил носен од Прилеп и Битола.

„Станува збор за субјект регистриран во Битола, кој поседува лиценца за работа, ова што можевте да го видите се остатоци од медицински отпад од медицинските центри во Битола и Прилеп донесени во Скопје“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

Градот пред 50-на дена го доставил видео доказот во Јавното обвинителство, но како што вели Шилегов, досега немаат каква било информација за преземени дејствија и дали воопшто официјално е започната истрагата.

„По наши сознанија во пракса се случува дека сторителот на ова се покрива со документација од друга државна надлежна институција“, рече Шилегов.

Одговарајќи на прашање дали и како се третирал овој медицински отпад во минатотото, тој посочи дека немаат сознанија, но смета дека ова е доволен доказ имајќи предвид, како што рече, дека несоодветното третирање на опасниот отпад може сериозно да го загрози здравјето на луѓето и да предизвика епидемија.

Шилегов информира дека инсинераторот во Дрисла работи, а стерилизаторот е во фаза на набавка, и очекува на почетокот на април дека ќе го инсталираат.

Тој утре заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе ја посетат Дрисла.

Во однос на контролата на транспортирање и на собирање на отпадот, на прес-конференцијата беше појаснето дека таа е поделена на Државниот иснпекторат за животна средина и Државниот санитарен инспекторат.

Санитарниот инспекторат го контролира собирањето внатре во болницата, во институцијата, додека Државниот инспекторат го контролира транспорот од болницата до крајната точка.

Шилегов информира и дека за тоа кои и какви количини, што е депонирано, што е папиролошки завршено или не е, е предмет што ќе го утврди ревизијата на Град Скопје што очекува за 2-3 месеца да биде завршена.

На прес-конференцијата, инспекторот Богдановски детално ги образложи фотографиите и видеоматеријалот.

„Машината за преработка на медицинскиот отпад за време на контролата не беше во функција и отпадот не беше соодветно третиран, со што отвораше можност за ширење опасни зарази по животот на луѓето и животните. Медицинскиот отпад се обработуваше во машина за сечење која што само го дроби отпадот, но не ги уништува бактериите. Таквиот непреработен медицински отпад го префрлаа во камион што не е соодветен за транспорт на ваков тип инфективен и опасен отпад за потоа да биде транспортиран во „Дрисла“ како обичен отпад“, објасни Богдановски

Фирмата што го транспортира отпадот во Скопје, како што потврдија од Министерството за животна средина и од болниците, е „Еко клуб“ од Битола.

актуелно дрисла медицински отпад
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.