Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Музејот на Град Скопје ќе биде целосно реконструиран
Скопје

Музејот на Град Скопје ќе биде целосно реконструиран

февруари 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со еден милион евра целосно ќе се реконструира Музејот на Град Скопје, соопшти денеска градоначалникот Петре Шилегов на промоција на монографијата за 70 години постоење на установата.

-За околу еден месец Град Скопје со инвестиција од околу 1 милион евра ќе почне со целосна реконструкција на овој музеј. Да блесне овој објект во полн сјај и сето богатство што го има да биде презентирано на многу поубав начин од тоа што беше досега. Очекувам дека кога во септемвриоктомври ќе го реотвориме обновениот музеј, скопјани, но и културната јавност од регионот и од Европа ќе биде изненадена и одушевена од новиот изглед на Музејот на Град Скопје, рече Шилегов.

Додаде дека е особено горд што Град Скопје има ваква институција која во своеето работење вклучува повеќе компоненти, остварува научно- истражувачка дејност, го собира, чува, заштитува и презентира богатиот музејски материјал, а покрај тоа што бил домаќин на изложби од познати светски автори, со свои изложби МГС имал и меѓународни гостувања.

Уредници на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје 1949-2019)“ се Емил Алексиев и Фросина Зафировска, Таа ги претставува сите значајни предмети и уметнички дела од збирките на музејот, ги опфаќа значајните настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку генерации музејски работници.

-Се чини дека потребата за постоење на оваа институција е претставување на историските случувања врзани за градот, со посебен печат на НОБ.

Такви беа времињата, но сето тоа беше базата на која се формираше оваа институција, рече промоторката на монографијата, академик Вера Битракова-Грозданова, која го пофали изданието како извонредно систематизирано во презентирањето на сеопфатната и комплексна дејност на МГС, притоа и богато илустрирано.

По историската фаза, МГС продолжува да се развива во институција што ги опфаќа и спојува археологијата (од првите ископувања на античкиот театар на локалитетот Скупи 1959/1960), така што во публикацијата се обработени и, како што рече Битракова, ремек-делата на Скупи, Говрлево и Таор. Монографијата претставува и дела од средновековната уметност, модерното сликарство и скулптура, етнологијата и богатата колекција на облека од 19 и почетокот на 20 век, ја претставува и богатата издавачка продукција на МГС, како и организирањето изложби од областа на
архитектурата и проектите за Венециско биенале и за Прашко квадриенале.

Институцијата променила повеќе објекти од формирањето во 1949 година – била во зградата на старата телеграфска пошта близу „Св. Спас“, потоа во Ѓорче Петров, а од 1970 е на сегашната локација во некогашната Железничка станица делумно разурната во скопскиот земјотрес.

Седумдеценискиот јубилеј на Музејот на Град Скопје ќе биде претставен и на видеопроекција вечер од 20 часот, а ќе биде отворена и изложба која ќе може да се посети до 12 март.

град музеј скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.