Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Течат роковите за спроведување на изборите на 12 април
Македонија

Течат роковите за спроведување на изборите на 12 април

февруари 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Откако претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување. Државната изборна комисија на вечерва одржаната седница го усвои Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори.

ДИК  во рок од три дена од распишување на изборите доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација да ги достави податоците за вработените во државната и локалната администрација, за да може да се извршат евентуални замени во составите на изборнитѕе органи.

Комисијата утре од МВР ќе побара и да и го достави Избирачкиот список со сите податоци кои што треба да ги содржи. Списокот ДИК најдоцна десет дена од денот на распишување на изборите, треба да го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид трае 15 дена и почнува на  26 февруари 2020, а трае до 11 март 2020 до 24 часот, период во кој граѓаните можат да ги достават барањата за запишување, допишување или бришење на податоци од Избирачкиот список.

-Сакам да ги повикам сите граѓани да извршат проверка дали се наоѓаат на Избирачкиот список за што можат да ја искористат веб страницата на ДИК. До колку ги нема да отидат во подрачните одделенија на ДИК и да интервенираат ако има потреба, рече на вечерашната седница претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

Потписите за кандидирање за кандидатските листи поддржани од група избирачи се собираат пред службените лица на ДИК , но и пред надлежен нотар на образец утврден од ДИК, доколку подносителот на кандидатската листа се одлучи за тоа. Во тој случај тој треба да ја извести ДИК кај кој нотар ќе ги собира потписите.

Кандидатските листи до ДИК треба да бидат доставени 30 дена пред одржувањето на изборите, односно најдоцна до 24 часот на 12 март. Потоа, како што информира Дерковски, течат роковите за проверка и евентуална корекција.

За прибирање на средства за изборната кампања, учесниците на изборите треба да имаат единствен даночен број и трансакциска сметка која ќе ја отворат најдоцна 48 часа по потврдувањето на листата или најрано 48 часа по распишување на изборите. Сметките се затвораат во рок од 60 дена по официјалните резултати од изборите.

Роковникот ја регулира и изборната кампања што е предвидена 20 дена пред изборите со 24 часовен изборен молк пред изборниот ден. Кампањата почнува во 0:00 часот на 23 март и завршува на 10 април во 24 часот.

Учесникот во изборната кампања, не може да нарача платено политичко рекламирање во радиодифузери кои не се регистрирани во регистарот на радиодифузери и портали, и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборната кампања.

Затоа ДИК, ги повика медиумите кои сакаат да емитуваат платена политичка реклама за претстојните парламентарни избори да се регистрираат во Комисијата, а тоа, како што појасни Деркоски, можат да го направат во рок од три дена од распишувањето на изборите односно на 17, 18 и 19 февруари. Потоа ДИК на јавна седница че соопшти за прифажањето на барањата за регистрација и ќе биде јавно објавен регистарот на медиуми. Радиодифузерите имаат рок од пет дена од распишувањето на изборите да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање.Ценовниците не смеат да се менуваат до завршувањето на изборите.

ДИК на седницата ги утврди и највисоките и најниските цени за рекламирање на радио, телевизија и во печатени медиуми, како и највисоките суми што може да се исплатат за рекламирање во интернет порталите.

актуелно избори рокови спроведување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.