Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО
Македонија

Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО

февруари 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има негативни последици што никој не треба да ги потценува, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за „Телма“.

– Штом Северна Македонија влезе во НАТО, таа е членка на НАТО. Сметам дека тоа треба да биде многу јасно. Тој пат, тој воз ја напушти станицата.

Но и покрај тоа, мислам дека има две вистински импликации ако има некакво назадување. Едната е многу значајна – политичка импликација во рамки на оваа Организација, бидејќи секако пристапувањето беше засновано на многу важното решавање на прашањето за името. Но, исто така, ќе кажам дека ќе има политичка цена, зборувам за нас, не зборувам во име на ЕУ, но тоа е суштински елемент на прогресот на Северна Македонија кон ЕУ. И мислам дека никој не треба да ги потцени негативните последици ако има назадување од Договорот за името.

Сметам дека патот на кој Северна Македонија е сега со Преспанскиот, со Договорот за името, ги покажува сите резултати кои ги очекувавме – членството во НАТО и се надевам, и очекувам исто така, напредок и кон членството во ЕУ, порачува Апатурај.

Од наша перспектива, додава тој, пред се ние правиме одличен прогрес, но како второ, во моментот кога ние ќе го поминеме прагот и Пристапниот протокол биде потпишан и депониран во Вашингтон, се надеваме март, земјата е полноправна членка на НАТО.

-Се рабира дека треба да има понатамошни чекори. Од дипломатската страна сите ќе мора да имаат безбедносно одобрение, ќе мора да продолжиме со тој процес. Во воениот дел ќе мора да имаме целосна интеграција во структурите и тоа исто така ќе одземе малку време. Тоа се важни, но, технички прашања. Реалноста е дека од моментот кога Северна Македонија ќе стане членка, ќе биде полноправна членка во се, вели тој во интервјуто.

Во врска со реформите во безбедносниот и одбранбениот сектор кои се во тек, Апатурај вели дека она што го виделе е дека земјава го започнала патот на реформите и на суштинските реформи и многу се благодарни за тоа.

-Ние работиме многу блиску со земјата, имаме своја канцеларија таму која работи на тоа со властите. Земјата достави програма на реформи. Таа програма на реформи веќе започна, продолжува низ пристапниот процес, но и ќе продолжи со години потоа. И она што е многу важно е дека продолжува, во области како што се реформите во разузнавачкиот сектор, реформата на одбранбениот сектор. Ние ќе очекуваме тие реформи да продолжат. Тие се добри за земјата, добри се за нас, бидејќи земјата ќе може повеќе да придонесува како НАТО-сојузник. Веќе се почнати и ќе траат со години, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Џејмс Апатурај.

актуелно преспански договор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.