Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Беса првата албанска партија што го надмина концептот за постизборни калкулации со гласовите
Политика

Заев: Беса првата албанска партија што го надмина концептот за постизборни калкулации со гласовите

февруари 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Движењето Беса е првата албанска партија што го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции“, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по официјализирањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса за претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април.

Како мошне важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, пак, од своја страна го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

СДСМ и Движењето Беса денеска во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите.

Лидерите на СДСМ и на Беса, Зоран Заев и Биљаљ Касами, ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи.

Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април.

Првпат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

„Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен“, рече
Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

„Но ова е еден посебен чин, нов историски момент за демократијата и за плурализмот. СДСМ денеска ја објавува предизборната коалиција со Движењето на БЕСА“, рече Заев и додаде дека со овој нивни чекор го  потврдуваат мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија.

Додаде дека работат на градење општество кое се крепи на еднаквост, правичност, општество за младите, старите, за Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, жените, мажите…

Најави дека се сигурни победници на 12 април.

„И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозни и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти“, рече Заев.

Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

„Денеска е важен и историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја“, рече лидерот на БЕСА.

Нагласи дека со денешниот договор меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, очекуваат албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат активен член на владејачката коалиција.

„Оваа коалиција е продолжение на возот на НАТО, кој ќе не зачлени и во ЕУ“, додаде Касами.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

актуелно Беса Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.