Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нуредини: Сѐ уште немаме индикации од ЕУ за спроведување на Зелениот пакт
Македонија

Нуредини: Сѐ уште немаме индикации од ЕУ за спроведување на Зелениот пакт

февруари 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вчера во Брисел оствари низа средби поврзани со неговиот ресор, меѓу нив и со еврокомесарот за животна средина
Виргинијус Синкевичиус и заменик генералната директорка за климатски прашања во ЕУ, Клара де ла Торе.

Во изјава за МИА, Нуредини потврди дека се отворило прашањето за имплементацијата на Зелениот пакт во Северна Македонија и западниот Балкан.

Зелениот пакт е главниот приоритет на Европската Комисија за време на овој мандат и ќе биде составен дел од секоја политика, вклучително и проширувањето.

Западниот Балкан, иако е еден од најзагадените региони на европскиот континент, не е дел од Зелениот пакт на ЕУ, но властите очекуваат прашањето да стане дел од разговорите во наредните месеци.

– Го отворивме прашањето за имплементацијата на Зелениот пакт во Северна Македонија, меѓутоа ЕУ сѐ уште работи на Зелениот пакт за Западниот Балкан и не можеше да ни даде индикации за специфични барања што ќе ги има за регионот. Во меѓувреме, Министерството работи на транспозиција и имплементацијата на европското законодавство од областа на животна средина и климата, изјави Нуредини за МИА.

Од соговорниците во Брисел, Нуредини добил поддршка за националната програма и за мерките што ги планира Владата.

Една од најавите во медиумите неодамна беше дека Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот што ќе ја започне енергетската транзиција за напуштање на јагленот, но Нуредини не беше во можност за сега да дава повеќе детали, бидејќи прашањето ќе биде покренато идната недела на интеринституционална средба и тогаш ќе бидат соопштени повеќе детали за јавноста.

Министерот за животна средина остварил средба и со Геновева Руиз Калавера, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување.

На средбата се разговарало за новиот пристап на ЕУ во поглед на политиката на проширување, како и начините на остварување и програмирање на европската поддршка и финансирање.

актуелно ЕУ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.