Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тинк тенк форум: Иднината на Западен Балкан во ЕУ зависи од внатрешната интеграција во Унијата
Македонија

Тинк тенк форум: Иднината на Западен Балкан во ЕУ зависи од внатрешната интеграција во Унијата

март 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјите од Западен Балкан се составен дел од Европа и треба да се сметаат за сериозни партнери во европските прашања. Ова го истакна Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија „Соцетас Цивилис“ на отворањето на тинк тенк форумот „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“ што се одржува денеска во Скопје. Настанот, во организација на „Социетас Цивилис“, во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, е дел од програмата на ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес во 2020 година.

-Иднината на ЕУ и Западен Балкан се неразделно поврзани, поради што предизвиците, како што се прашањата од животната средина, миграцијата и прашањата за безбедноста, мора да бидат решени заедно преку заеднички и унифициран пристап. Агендата и сеопфатниот наратив на тинк тенк форумот 2020 го препознаваат Западен Балкан како рамноправен партнер на масата на ЕУ. Само заедно, европејците можат да работат кон целта на стратешката автономија, што ја истакнуваме како посакувана идна стратегија за улогата на ЕУ во светот. Предизвиците и промената на глобалните структури бараат силен и унифициран наратив од ЕУ, засилен со политичка волја и материјални капацитети. Само ако се обедини во наративот и дејствувањето, ЕУ може со сигурност да влијае на глобалните динамика, рече Трошановски.

Штефан Лене, вонреден професор на Carnegie Europe во Брисел и алумни на Europe’s Futures, осврнувајќи се на процесот на проширување рече дека пристапот на ЕУ кон проширувањето помина низ три фази. Првата беше антигеополитичка фаза, каде идејава беше да се зголеми сферата на интеграција на безбедноста преку врзување на економиите, и тоа функционираше извонредно добро, односно ЕУ се прошири од шест на 28 земји-членки. Но, вели, постепено овој процес изгуби сила како што се зголемуваше скептицизмот во рамките на Унијата, а Комисијата за да го заштити процесот го деполитизира и го претвори во техничко отворање и затворање на поглавја, во еден технократски процес во кој се изгуби значењето и за учесниците од Западниот Балкан и во самата ЕУ.

-И сето тоа се претвори во еден процес каде ЕУ глуми дека е отворена, а кандидатите глумат дека се реформираат и напредуваат. И тогаш стигнавме до кризната точка, односно блокирањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија минатата есен, и мислам дека сега сме дојдени до момент кога влегуваме во нова фаза на трансформирање на проширувањето во еден геополитички процес. Ова е таа трета фаза – геополитичко проширување. Останува да видиме дали е ова доволно за да се обнови енергијата во овој процес. Лично сметам дека методологијата содржи корисни и интересни идеи, но истовремено мислам дека клучното прашање е дали може да ги убедиме земјите-членки повторно да му дадат енергија и да го туркаат напред овој процес, оцени Лене.

Според него, ривалството во високата политика води кон цетрифугална динамика во рамките на Европската унија и е многу тешко Советот на ЕУ да се договори околу одреден став поврзан со надворешната политика, односно има блокирања и вето. Но, вели, колку интеграцијата на ЕУ е подлабока, толку Унијата е поотпорна, на полето на трговија и други области.

-Иднината на Западен Балкан во ЕУ зависи од тоа дали оваа втора центрипетална динамика ќе преовлада, бидејќи ако притисокот води кон повеќе поделби, тогаш идејата за идно проширување ќе биде тргнато од масата. Но ако го погледнеме Западниот Балкан во поглед на општата позиција и изнаоѓањето на партнерства заради заштита на, како што се нарекува, европскиот начин на живот, тогаш мислам дека процесот ќе продолжи, заклучува професорот Лене кој во обраќањето се осврна на сите предизвици со кои е соочена ЕУ во моментов.

На Форумот учествуваат претставници на тинк тенк заедницата, на граѓанското општество и академици од Западен Балкан и земјите од ЕУ, кои ќе дебатираат на теми од различни области и предизвици што произлегуваат од Берлинскиот процес.

Министрите за надворешни работи од регионот заедно со други државни претставници од земјите на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес, исто така ќе учествуваат во отворен и критички дијалог за заеднички предизвици и визии за иднината на Западен Балкан, како дел од силна и обединета Европа.

На првите два дена од форумот, на шест панел дискусии експертите ќе дебатираат за новиот зелен договор, економска и социјална конвергенција, миграција, безбедност/хибридни закани, владеење на правото и европска иднина.

На третиот завршен ден од форумот министри за надворешни работи од Западен Балкан и земји членки Европската Унија како и други државни претставници од земјите на ЕУ вклучени во Берлинскиот процес, заедно со претставници на тинк-тенк заедницата и на граѓанското општество, ќе дадат свој осврт на темите дискутирани на првите два дена од форумот.

Северна Македонија е прва од земјите од Западен Балкан, која заедно со Бугарија како земја членка на ЕУ годинава се јавува како ко-претседавач на Берлинскиот процес. Процесот е покренат на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, а првата конференција се одржа во Берлин во 2014 година. Целта е интензивирање на регионалната соработка во областа на екононскиот развој и инфраструктурно поврзување во контекст на евроинтеграцијата.

Дванаесет месечното претседавањето на Северна Македонија и Бугарија го презеде лани во Познањ,а  ќе финализира во јули годинава со годишниот самит кој заеднички ќе биде организиран во Софија и Скопје.

актуелно ЕУ Западен Балкан форум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.