Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грците масовно ги напуштаат Солун и Атина, владата објави нови мерки
СВЕТ

Грците масовно ги напуштаат Солун и Атина, владата објави нови мерки

март 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ова не е одмор, порача професорот епидемиолог Сотирис Циодрас надлежен за коронавирусот во Министерството за здравство на Грција, по информациите дека на патарините за излез од Атина, но и од Солун, денеска имало редици возила со граѓани кои ги напуштаат големите градови, јави дописничката на МИА од Атина.

Циодрас рече дека „не може улиците да се полни со автомобили со луѓе кои одат на екскурзија, а при тоа без да знаат дали се носители на вирусот“, а како пример спомена дека на еден грчки остров регистриран е случај на коронавирусот од контакт дојден од Атина.

-Ве молам, најмалку што можете да направите е да не стапите во контакт со никој од локалното население онаму каде што патувате, туку да останете дома, порача професорот и истакна дека ваквите однесување ги поткопуваат сите напори и ја зголемуваат опасноста за ширење на вирусот и во делови од земјата каде што не е регистриран случај.

На истата тема се осврна и портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас во неговата изјава за медиумите, но и заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас.

Пецас рече дека оние кои решиле да патуваат кон нивните села или во викендичките, особено по препораките да останат дома, си се ставаат и самите себе во опасност.

-Треба сите да сфатиме дека можеби сме заразени со вирусот, дури и ако немаме симптоми. И во меѓувреме, да го шириме вирусот низ локалното население низ цела Грција. Секој што одбрал да избега во своето село, мора да се однесува како веќе да го има вирусот, да избегнува било каков контакт и по секоја цена да остане дома, рече Пецас.

Заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, објави нови дополнителни превентивни мерки, меѓу кои и забрана за пловидба на приватни јахти, нови правила за пазарите и супермаркетите.

Почнувајќи од утре наутро забранета е пловидба на приватни јахти на целата територија на земјата, а за оние кои што се вон пристаништата, до сабота на полноќ треба да се закотват.

Сите мобилни пазари во Грција утре ќе бидат затворени, а од понеделник за 50% ќе биде намален бројот на производители, а тезгите ќе треба да бидат на растојание од пет метри.

Во супермаркети, од понеделник, бројот на потроѓувачи треба да биде еден на 15 метри квадратни, а не на десет како што беше до сега.

Хардаљас повтори дека забранети се собири на десет или повеќе лица, а за прекршувачите предвидени се казни од 1000 евра по лице и по случај.

-За време на викендот ќе има силно присуство на полиција во паркови, на големи плоштади, простори каде што се забележува собири на луѓе, со цел да се почитува горенаведеното правило. Не е дозволено ниту пикник, ниту спортување на тимови.

Повторуваме дека движењето надвор од домовите треба да се ограничи на минимум, рече Хардаљас.

Атина солун
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026

Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година

ноември 12, 2026

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.