Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Користиме германски тестови за Ковид 19, масовно тестирање може да ја искриви сликата
Македонија

Филипче: Користиме германски тестови за Ковид 19, масовно тестирање може да ја искриви сликата

март 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сите тестови за Ковид 19 се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност, но за жал ниту еден тест не е 100 проценти тоен. Тестовите што се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораториите за вакви цели, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната пресконференција во Владата.

Како што дополни, за жал, починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Правевме проверка и во однос на правилното земање на брисот со оглед на тоа што кај секој тест се прави контрола дали содржи ДНК на пациентката и тоа е потврдено, што значи дека за жал спаѓа во тој многу мал процент на тестови за таа сенизитивност што за жал не е 100 проценти и не го дава точниот резултат, наведе Филипче.

Комисијата за заразни болести, информираше, секојдневно дискутира за масовен скрининг.

-Ние практично спроведуваме една форма на масовен скрининг. Кога зборуваме за масовен скрининг, за пристап кон пациентите, за начинот на тестирање, во овие тестови кои се со исклучително висока сензитивност од над 99 проценти, кои што зборуваме и ги имаме, тоа се тестови на кои се детектира присуство на вирусот, се индицира тогаш кога има епидемиолошки податок заради тоа што сметаме, како и многу други земји, дека доколку се индицира и таму каде има постор за грешка, практично ќе добиеме лажни негативни резултати, што пак целосно ќе ја искриви сликата, рече Филипче.

Тој дополни дека постојат и тестови што ги анализират антителата, односно не го детектираат вирусот туку утврдуваат дали некој го прележал.

– Тие се со уште помал степен на сензитивност, од 80 проценти, што сметам дека во услови кога сме спровеле вака строги мерки за изолација, карантин, итн.. немаат цел да се спроведат. Тоа го смета и Комисијата за заразни болести. Тоа би било идентификација евентуално на пациенти кои ја прележале болеста дали на нога или во сосем лесна форма, меѓутоа затоа што не се сензитивни во висок процент сметаме дека нема да ги дадат точните податоци односно дека има исклучително голем процент на грешка што може да не води во погрешна насока. Формата на масовно тестирање како што ние сега спроведуваме е по строга епидемилолошка анкета, со задолжителен карантин и самоизолација и тестирање на сите  примарни или секундарни контакти од висок ризик што впрочем се прави.

Тоа го правиме од самиот почеток, рече Филипче.

Министерот за здравство повтори дека нема никаква цел да се тестира пацинет кој е потенцијално во период во кој трае инкубацијата на болеста заради тоа што теоретски резултатот може да е негативен до 13-от ден, а да биде позитивен на 14-от ден. Затоа, посочи, комбинацијата на строги мерки на самоизолација, прекин на сите контакти и тестирање откако ќе помине периодот на инкубација е најсоодветно за најточни и најпрецизни резултати досега. – Никој не правел скрининг, масовно тестирање на целото население. Со 100 процентна сигурност тоа не постои, тоа е нешто што често дава и грешни резултати потенцираше Филипче.

актуелно германски тестови корона вирус тестирање филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.