Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на новозаболени два дена стагнира, досега 148 заразени од коронавирус
Во Фокусот

Бројот на новозаболени два дена стагнира, досега 148 заразени од коронавирус

март 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во земјава бројот на заразени од коронавирусот заклучно со вчера изнесува 148.

Во однос на неделата кога беа евидентирани 29 заразени и во понеделникот кога имаше 22 случаја, вчера нивниот број изнесуваше 12.

Од новите заразени, седум се во Скопје, а пет во Куманово.

Најмладиот пациент заболен од вирусот Ковид-19 во земјава е двегодишно дете од Скопје, а позитивни на овој вирус се и неговите родители, но сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).

На Инфективната клиника се хоспитализирани 29 пациенти кои се лекуваат стационарно, од кои во тешка општа состојба на респираторна
машина е една пациентка, кај која во последните денови нема промена,
шест се со потешка слика, но респираторно се самостојни.

Амбулантски, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, се прегледани седум пациенти и земен е еден брис.

Тројца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се на домашно лекување.

Од вчера Институтот за јавно здравје спроведува тестирање на сите лица кои беа во врска со директорката на Кожната клиника.

Се работи за голема бројка, тие се се уште во изолација и за да нема
оптоварување во лабораторијата, Филипче рече дека ќе се тестираат во
неколку циклуси.

Од денеска е целосно укинат меѓуградскиот и градскиот превоз во Општина Куманово, а Владата од вчерашната седница даде препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри кои не се молови.

Според министерот, со овие мерки, односно со дополнително укинување на врските во Куманово со другите општини има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на коронавирусот.

Владата донесе и одлука со која Институтот за јавно здравје се задолжува за поинтензивна работа во целиот кумановски регион со оглед на тоа што од таму е една од починатите од коронавирусот и неколкумина заболени.

Кај заболените од коронавирусот од денеска ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји.

Таа комбинација, како што информираше Филипче, е одобрена на вчерашниот состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД, а ќе биде аплицирана и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекар.

Во однос на тестовите за вирусот Ковид-19, Филипче информира дека сите се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност, но за жал ниту еден тест не е 100 проценти точен.

Тестовите што се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораторија за вакви цели, а починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот.

Тој дополни дека постојат и тестови што ги анализират антителата, односно не го детектираат вирусот, туку утврдуваат дали некој го прележал.

За функционирањето на системот преку „Мој термин“, како што информираше Филипче, без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот.

Веќе четврти ден во земјава се спроведува и полицискиот час.

За сите граѓани е забрането движењето од 21 до 5 часот, а лицата лица постари од 67 години не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпладне до 5 часот наутро, додека младите до 18 години од 21 часот до 12 напладне.

актуелно коронавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.