Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Пет лица од Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус
Во Фокусот

Филипче: Пет лица од Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус

март 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пет од 29-те нови регистрирани случаи
позитивни на коронавирусот се лица поврзани со заболената
поранешна директорка на Клиника за кожни болести.

Тие се
асимтоматски, без симптоми на заболување, но нивните тестови за
коронавирусот се позитивни.

Лицата биле и ќе останат во домашна
изолација, и ќе бидат во контакт со лекари од Инфективната клиника.
Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, од вкупниот
број лица поврзани со директорката, кои се во самоизолација,
тестирани биле триесеттина, а позитивни биле само петте споменати.

Во
наредниот период, додаде министерот, ќе бидат тестирани и останатите
лица.

„Од 29-те нови случаи пет се од Кожната клиника кои по 16 дена
поминати во изолација се без никакви симтоми, но на направените
контролни тестови, со оглед дека помина инкубацискиот период, тие имаат позитивен резултат. Лицата се во добра здравствена состојба,
асимптоматски се, ќе останат во домашна самоизолација и согласно
нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од
инфективната клиника“, рече министерот за здравство.

Според него, добро е што дел од новодијагностираните случаи се
откриваат во рана фаза, заради тоа што, како што рече, тоа значи дека
здравствениот систем може да ја амортизаира бројката на пациенти.

Апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи, како што
потенцира, од сите искуства од другите земји и од студии може да се
види дека, покрај епидемиолошките анкети тестирањето кога ќе помине
инкубацискиот период, најдоброто што може да се направи е
почитување на самоизолацијата и прекин на социјалните контакти.

Министерот Филипче најави дека викендов или кон почетокот на
следната недела ќе биде објавена детална статистика што досега се
случува со бројот на пациенти, јасно ќе бидат прикажани дијаграмите и
бројките, но очекувањата со можен процент на грешка, согласно
анализата на епидемиолозите.

Министерот Филипче рече и дека на Инфективната клиника пред два
дена се направени и контролни тестови на четворица пациенти кои
долго време се лекуваат таму и оти тие се негативни.

Од четворицата,
додаде министерот, тројца се во значајно добра состојба и кај сите ќе
биде земен контролен брис во текот на следниот ден.

Ако тој биде
негативен, според Филипче, тројцата ќе се упатат на домашно лекување.

„Од 29-те нови случаи пет се од Кожната клиника кои по 16 дена поминати во изолација се без никакви симтоми, но на направените контролни тестови, со оглед дека помина инкубацискиот период, тие имаат позитивен резултат. Лицата се во добра здравствена состојба, асимптоматски се, ќе останат во домашна самоизолација и согласно нивната состојба во интензивна комуникација со колегите од инфективната клиника“, рече министерот за здравство.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

актуелно коронавирус филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.