Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Од вкупно 555 заболени, 52 се здравствени работници
Во Фокусот

Филипче: Од вкупно 555 заболени, 52 се здравствени работници

април 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Од вкупно 555 заболени од коронавирусот во државава, 52 (9,5 проценти) се здравствени работници. Заболени здравствени работници за жал има и во многу земји во светот. Тие се во непосреден контакт со пациентите. Од нив 34 се заболени во болнички, односно во амбулантски услови“, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Со оглед на тоа што некаде има заболени и лекари, тука е компромитирана работата, рече Филипче и како пример го посочи Инфективното одделение во Куманово, каде во функција се двајца други интернисти од Скопје и од Штип кои ја организираат работата на одделението.

Тој им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата.

„Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави, ќе се бориме против вирусот и ќе ги излечиме сите кои се заболени“, потенцира Филипче.

Осврнувајќи се на денешните податоци, информира дека на Клиниката за инфективни болести почина 63-годишен маж од струшкото село Лабуништа донесен со тешка клиничка слика, бројни коморбидитети, како и уште едно лице од Куманово во ГОБ „8 Септември“, потврден за позитивен на коронавирусот на 1 април.

Од Клиниката по два контролни теста, појасни, денеска заминуваат дома тројца пациенти во добра општа состојба, а дополнителни тестови се чекаат за четворица пациенти кои доколку се негативни по втор пат утре ќе бидат пуштени дома.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 72 нови случаи со коронавирус во земјава и тоа во Скопје – 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 235, Куманово – 114, Дебар – 49, Штип – 19, Прилеп – 33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 2, Радовиш – 3, Крушево – 2 и Кочани – 14“, рече Филипче.

На Инфективната клиника во овој момент, истакна министерот, се хоспитализирани 74 пациенти, 15 се со тешка манифестација на болеста, а другите се со средно тешка состојба и се во добра општа кондиција.

Посочи дека на интензивните состаноци во текот на вчерашниот и денешниот ден било дискутирано и почнала имплементација на стратегиите за вклучување и на другите капацитети за третман на пациенти.

„На Клиниката за инфективни болести, покрај тоа што има слободни кревети на одделение во самата зграда, веќе во функција ќе се стави мобилната болница која е целосно инсталирана. Недостига уште сувата врска со Клинкиката. Доводот на воздух, греење и ладење е поставено од Армијата. Во однос на пристапот за третман на пациентите нашиот став останува ист, а тоа се заклучи на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести, пациентите кои имаат лесна форма на болеста се третираат во домашни услови, а средно тешки и тешките случаи на Клиниката за инфективни болести“, рече Филипче.

Од вчера, потенцира, во функција е ставена и ГОБ „8 Септември“, која досега беше наменета за пациенти кои беа суспектни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како хирушка интервенција, или во ангиографска или ендоскопска сала, тоа сега се уште останува така.

Но, доколку треба, како што појасни, ќе се користат и креветите на располагање под контрола на интернистите и инфектолозите за хоспитален третман, доколку е потребна помош на персоналот на Клиниката за инфективни болести, каде се на располагање 110 кревети, дополнителни 130 во мобилната болница, а во ГОБ „8 Септември“ вкупно 400 кревети.

„Целосно е активиран и механизмот на поддршка на колегите од страна на лекари и медицински сестри како од клиниките, така и од другите јавно здравствени установи ширум државата по систем на ротација да ги поддржат вработените во овие центри посветени само на третман на пациенти со коронавирусот. Целосно е подготвена болницата во Битола, каде има анестезиолози, инфектолози и медицински сестри и еден целосно и физички одделен дел да биде и регионален центар за пациентите кои доаѓаат од тој дел на земјата. Има и респираторни машини и места за интензивна нега. Вкупната бројка на кревети е 35 со можност да порасне до 100 во зависност од бројот на пациенти“, рече Филипче.

Тој рече дека во рамките на Министерството за здравство е отворена посебна наменска сметка за донации и се пристигнати околу 500.000 евра кои ќе бидат наменети за набавка на опрема или материјали во врска со третманот на пациентите.

„Бројни донатори донираа опрема како респиратори, рендген апарати, бронхоскопи, маски итн., се што е потребно за третман на овие пациенти. Станува збор за милион парчиња заштитна опрема, како и потребните лекови кои соодветно после индикација се дават на пациентите. Со оглед на недостигот од медицинска опрема во светот, оваа недела ја повторуваме постапката за набавка на респираторни машини со што сега предност даваме на времето во кое би стигнале во нашата земја“, додаде Филипче.

актуелно коронавирус филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.