Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Сите мерки кои ги носевме досега, сега даваат резултати
Македонија

Филипче: Сите мерки кои ги носевме досега, сега даваат резултати

април 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Сите превентивни мерки кои ги преземавме на почетокот и сите мерки што ги носевме како надградба, во смисла на рестрикација на движењето, препораки за организација и обезбедување доволна физичка дистанца сега даваат резултат. Сето тоа доведе да имаме линеарен пораст на пацинети и да имаме број на пациенти што може да биде примен во болниците и соодветно да се третира“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, зборувајќи на онлајн прес видеосесија Ковид-19 на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“.

Нагласи дека болничките капацитети и сега не се преполнети, укажувајќи дека искористени се половина од иницијалниот капацитет на Инфективната клиника, околу дваесет проценти од болницата 8-ми Септември и сосема мал процент на исполнетост на инфективните одделенија на другите болници.

Навремено беа донесени и сите дополнителени мекри, рече Филипле, како целосно затворени викенди, полициски час од 21, а потоа од 16 часот и одделувањето на старите и младите групи на граѓани.

„Сметам дека и во периодот кој што следи ќе дадат дополнителни резултати во смисла на тоа трансмисијата на болеста значително да се намали и некаде на почеокот на мај ние да имаме период во кој бројот на новодијагностицирани пациенти ќе се намалува и ќе бидеме во ситуација да ги попуштаме рестриктивните мерки“, изјави Филипче.

Нагласи дека сите земји во светот се соочуваат со истиот предизвик, и дека ниту еден здравствен систем не предвидел дека може да се случи вакво предизвик.

„Заеднички е заклучокот дека оваа болест ќе донесе трајни промени не само во животот, туку и промени во здравствените системи. Ќе биде потребно да се одделат здравствените институции, едни само за третман на пациенти со Корона вирус, други само за пациенти кои се негативни. Сето тоа бара реорганизација и ние тоа го започнавме“, изјави Филипче.

Укажа дека со нашиот пристап каде се става акцент на матичните лекари, веќе сме подготвени да одиме и во следната фаза кога ќе се попуштаат мерките за самоизолација и движење и да можеме и тој секундарен удар да го издржиме, исто како што тоа го правиме и сега.

Сите држави, посочи тој, се соочуваме со нешто непознато досега и сите мерки, препораки и насоки ги црпиме од знаењето и стручноста на епидемиолозите и членовите на Комисијата за заразни болести.

„Сметам дека е добро што почнавме многу рано. Веќе на крајот на јануари беше поставен скрининг на аеродромот, понатаму на другите сувоземни премини. Тоа усогласување на работата на повеќе институции од здравствениот и сите други сектори се покажа дека дава резултати понатаму. Најтешко е работите да се иницираат и постават на свое место. Потоа ротацијата на луѓето и надградувањето на овие мерки доаѓа само по себе и многу помал предизвик“, изјави Филипче.

По идентификувањето на првиот случај на крајот на февруари, посочи Филипче, полека од превенција мерките се насочија кон организирање на здравствените институции.

„Точно се одредија јавно-здравствените установи каде што ќе бидат лекувани овие пациенти. Анализа на терапијата која може и треба да се дава. Сметавме дека е добро да се надгради капцитетот на Инфективната клиника, каде се постави мобилната болница со што се дуплираше капацитетот. Се направи систем на ротација на здравствени работници, кои имаат искуство во одделите на интензивна нега“, изјави Филипче.

Изрази очекување дека на крајот на мај ќе ги видиме ефектите од овие
страшни и рестриктивни мерки досега.

актуелно филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.