Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска: До 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 отсто
Економија

Ангеловска: До 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 отсто

април 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека од почетокот на годинава до 15 април односно во првата половина од месецот повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти или за 20 милиони повеќе.

„Само во првата половина во април е зголемен поврат на ДДВ за 65 проценти во однос на истиот период минатата година“, рече Ангеловска на прес-конференција на која беше соопштено дека се исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година.

Ангеловска исто така информираше и дека МФ и Народната банка и банките веќе се подготвуваат за исплата на пезниите кои опфаќаат 20 пати поголем број на граѓани отколку исплатата на субвенциите на тутунот, што беше најавено денеска.

„Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од месец април и исто така ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните. Ќе посочам дека ваквото организирање е неопходно и воедно добар пример дека ако пристапиме системски и координирано кон ситуацијата можеме да најдеме соодветни решенија коишто ќе го земат предвид, пред се, грижата за здравјето на граѓаните. Најважно е да го заштитиме здравјето и да се избегнат ризиците“, најави Ангеловска.

Одговарајќи на новинарско прашање за колку тоа ќе се намали БДП, Ангеловска посочи на проекциите на Министерството за финансии.

„Ние солидно ја започнавме годината во првите два месеца, бидејќи ефектите од ударот на кризата веќе се почувствуваа во месец март, овие позитивни движења ќе се неутрализираат со ударот од март, но сепак
очекуваме раст на економската активност. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал. Предвидуваме во вториот квартал најголема контракција во економијата со износи од околу 15 проценти, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал“, рече, меѓу другото, Ангеловска.

Министерката за финансии кажа дека Владата треба да ја донесе одлуката за изедначување на цените на нафтените деривати.

Според анализите на Министерството за финансии, како што објасни
Ангеловска, тоа треба да се случи, имајќи ги предвид тековните случувања со цената на нафтата.

„Минатата недела имавме состанок и презентирање на начелните фискални ефекти и анализи, земајќи ги предвид сите ефекти и фактори, а на состанокот беа вклучени и стопанските комори, дел од претставниците на транспортните компании и Регулаторната комисија за енергетика. Анализите кои ги правиме се во насока, и пред се, бидејќи сметаме дека има економска логика и разумност бидејќи се создадени предуслови за носење на ваква одлука“, рече миистерката.

актуелно ангеловска ДДВ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.