Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јаневска: СДСМ и Спасовски да не ги жртвуваат учениците и граѓаните заради партиски игри
Македонија

Јаневска: СДСМ и Спасовски да не ги жртвуваат учениците и граѓаните заради партиски игри

април 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 24 април 2020

Хаосот кој што власта на СДСМ го создава во образованието не престанува.

Се уште нема учебници, се уште нема систем за учење на далечина како што наложи состојбата, се уште е актуелен проблемот со платите на наставниците, а сега среде епидемијата СДСМ и техничкиот премиер Оливер Спасовски најавуваат повторно отворање на училиштата и продолжување на училишната година?

Значи повторно се создава нов хаос, по оној од уредбата за учење на далечина без подготовка на наставниот кадар, родителите и учениците, без анализа на техничката опременост на училиштата и учениците, без анализа на опфатот на учениците кои ќе бидат вклучени во наставата,
следува друг образовен хаос со отворање на училиштата, повторно без
стратегија, анализа на техничките можности, односно инфраструктурата, без анализа на човековите ресурси и без планирани финансии.

Очигледно е дека СДСМ и власта мислат само на партискиот рејтинг, па глумејќи нормалност го жртвуваат образовниот процес, но и здравјето на децата и граѓаните.

По најавата на Оливер Спасовски, техничкиот премиер од СДСМ, за отворање на училиштата кон средината на мај, и Спасовски и СДСМ мора да одговорат на следните состојби:

Колку е изводлива настава на ученици седнати во клупа на 2 метри оддалеченост и по колку ученици во таков случај ќе бидат одеднаш присутни во училница, знаејќи дека секое одделение или клас има околу 30 ученици?

Веднаш ќе кажам, тоа значи најмногу 10–15 присутни ученици во училница, па што ќе се прави со останатите 10 до 15 ученици?

Колкаво работно време ќе имаат наставниците ако треба да работат во
повеќе групи од по 10 до 15 ученици?

Како на одмор децата ќе се одржат во групи од две или три со пропишана физичка дистанца?

Како ќе ја организирате исхраната на учениците?

Има ли услови во училиштата за одржување на хигиена на рацете на
секој час?

Како сите учениците и наставници во 5 до 10 минути одмор пред секој час ќе се измијат, во рамки на заштитата од пренесувањето на вирусот?

Притоа во кои тоалети, со кои средства?

Колку ќе трае училишната настава за едно одделение ако се поделени
на две, во сите училиштата кои немаат таков капацитет?

Дали и како ќе ги исплатите за дополнителната работа наставниците, кога веќе и така им скративте дел од платата за успех или тежина?

Колку пати ќе треба училишниот автобус да ја помине истата тура од
почетната точка до училиштето ако се почитува мерката за ограничен број ученици во него?

Притоа, ако ги отворите училиштата, еден родител кој што сега ги чува
децата, ќе оди на работа.

Значи ли тоа дека ќе ги жртвувате бабите и дедовците, за да се грижат и излегуваат да ги однесат, донесат децата од училиште, да ги чуваат децата по училиште?

И дали со планот за отворање на училиштата и продолжување на наставната година признавате комплетен дебакл во спроведувањето на учењето на далечина?

Дали залудно вршевте притисок и закани врз наставниот кадар, родителите и децата?

Дали тоа што сега ја продолжувате годината значи дека ништо од тоа што е сработено и согласно тоа е пополнет Е-дневникот, нема да важи?

Дали тоа значи дека нема да важи и нема да биде земен предвид постигнатиот успех на учениците во овој период?

Како ќе се исправат и регистрираат тие преклопувања?

Имате ли стратегија за учениците кои не беа вклучени во учењето на
далечина и особено за лицата со попреченост?

Ако имате план и стратегија објавете ги да ги видиме, транспарентноста во образованието ви е сведена на нула.

Ако ги затворивте училиштата кога дневно имавме по 10 заразени, зошто би ги отворале сега кога дневно имаме 30 до 40 заразени, под услов таа бројка да е точна, а не поголема?

Нели далечинското учење функционираше?

За крај, матурантите имаат само уште 20-тина работи денови до крај на годината.

Немате никаков став. Ќе полагаат ли матура од 10 – 15 јуни?

Подготвени ли се или очекувате сите да добијат високи оценки па да навалат на факултетите?

Ако сите добијат ниски оценки чиј е пропустот и кој ќе биде одговорен?

Овој пат сигурно тоа нема да бидат наставниците.

Кој ќе поднесе одговорност за хаосов во образованието?

Спасовски, МОН, СДСМ, престанете со играњето со образованието, уништувате цели идни генерации, жртвувате здравје, ризикувате животи, само и само заради партиски рејтинг!

Весна Јаневска, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Јаневска сдсм Спасовски ученици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ноември 5, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.