Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Првата пратка од 12 респиратори донација од ЕУ пристигна во земјава
Македонија

Првата пратка од 12 респиратори донација од ЕУ пристигна во земјава

април 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првите 12 машини за асистирано дишење – респиратори и друга лична заштитна опрема, како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби за земјава денеска пристигна во Министерството за здравство.

Помошта ја врачи шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот
Самуел Жбогар кој истакна дека ова е првиот пакет од поддршката што
Брисел ја најави пред неколку недели, а ќе биде доставена на Клиничкиот центар и Болницата „Осми септември“.

„На сите ни се познати трагичните слики што ги видовме во Милано и Ломбардија, кога поради недостиг на респиратори лекарите мораа да носат тешки одлуки. Во таа смисла, респираторите се од критично значење за пациентите најпогодени од вирусот. Тешко е да се набават, оти на сите им требаат, но среќни сме што, со помошта од УНОПС, успеавме да донесеме 12 сега, а уште неколку ќе следуваат подоцна. Ова се првите респиратори што земјата ги добива по почетокот на кризата. Со ова потврдуваме, уште еднаш, дека ЕУ е со вас во кризава“, рече Жбогар.

Земјите членки, додаде тој, продолжуваат да даваат поддршка, освен
медицинската опрема, и преку неколку проекти за кои е разговарано со
Владата за да и помогнеме и во соочувањето со економските последици од кризата.

„Ќе придонесеме и со 160 милиони евра во буџетот на државата за да се решат фискалните проблеми и земјата да може да обезбедува плати, субвенции и социјална помош во иднина. Денеска е убав ден, во кој ЕУ ви покажува дека е со вас и е вашиот најсилен партнер во борбата со оваа болест“, порача евроамбасадорот Жбогар.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров нагласи дека оваа пратка е дел од големата помош што ја добиваме од ЕУ.

„ЕУ е несомнено нашиот најголем донатор во кризата предизвикана од пандемијата и оваа видлива и конкретна помош дава чувство на сплотеност, солидарност и сигурност дека заедно ќе излезме на крај од ова премрежје. Ние сме третирани речиси како да сме земја чланка на Унијата во поглед на вклученост во механизмите и фондовите за справување со пандемијата од вирусот Ковид-19. За тоа говори не само денешната донација која доаѓа во вистински момент од 12 нови респиратори, 5.000 специјални заштитни маски за здравствените работници, туку и целокупната европска досега најавена и планирана помош… Благодарност до ЕУ што ги препознаа и поддржаа нашите напори за справување со овој заеднички глобален предизвик и благодарност што ни дадоа чувствио на припадност кон Тимот Европа“, подвлече Димитров.

Четирите милиони евра за итна неопходна медицинска помош се дел од
донацијата од 66 милиони евра од страна на ЕУ за справување на земјва со корона – кризата, а вклучува и 3 милиони евра директна поддршка за
буџетот на земјата која ќе биде трансферирана во наредните недели, 9 милиони за МСП, 40 милиони распределба на фондови за помош на МСП и мерки за активно вработување, 10 милиони евра алокација за можни здравствени и други итни потреби што може да се појават.

Покрај оваа донација, посочи, Делегацијата на ЕУ заедно со други партнери е во процес на подготвување на можно пренасочување на фондови од постоечките проекти кон итни мерки за закрепнување поврзани со ковид кризата.

ЕУ, рече Димитров, активираше и разни механизми за понатамошна помош во управување на кризата со Ковид 19 и потсети дека во средата ЕК предложи пред ЕП и Советот на ЕУ нови 160 милиони евра макрофинансиска помош за буџетот на земјата во форма на заеми за управување со фискалните последици од кризата.

Северна Македонија, наведе шефот на дипломатијата, има право да биде поврзана со Европскиот договор за јавни набавки за медицинска опрема и Системот на ЕУ за брзо предупредување од заразни болести.

ЕУ е во процес на ослободување на извозот на медицинска опрема за земјите од Западен Балкан вклучувајќи не и нас.

Како земја партнер имавме, рече, можност да побараме поддршка од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а покрај поддршката од ЕУ земјата доби и билатерална поддршка од многу земји челнки на ЕУ.

Респираторите кои денеска пристигнаа во земјава се произведени во
Јужна Кореја, а според договорот потпишан на 3 април, останува преку
УНОПС да се испорачаат уште осум респираторни машини или вкупно 20.

Во рамките на помошта од Европската Унија, во континуитет пристигнува медицинска и заштитна опрема согласно утврдената приоритетна листа, порано денска информираа од СЕП кој е координатор на странската помош за земјава.

актуелно донација ЕУ пратка респиратори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.