Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дваесет и осум години монетарна самостојност, денарот за надлежните останува стабилен
Економија

Дваесет и осум години монетарна самостојност, денарот за надлежните останува стабилен

април 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денарот одбележува 28 години, а надлежните уверуваат на негова стабилност и одржување стабилен курс.

Пред 28 години на денешен ден се донесени повеќе закони со кои се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народната банка.

„Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Народната банка располага со низа инструменти со кои гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен“, посочуваат во неколку наврати од Централната банка, откако почна коронакризата.

Оттаму потсетуваа дека девизните резерви што се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за медиумите уверуваше дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека не треба да постои никаква загриженост за домашната валута.

Денарот како национална валута во земјава е воведен на 26 април 1992
година, на денот на нејзиното монетарно осамостојување.

На почетокот во првата година се користи како вредносни бонови, а во 1993 година како прво оригинално издание на денарот.

Книжните пари што се употребуваат и денес се пуштени во оптек на 8
септември 1996 година.

Во оптек се пуштени книжни пари од апоени од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000, оваа последната е повлечена поради нејзиното мало користење.

Изгледот на македонските книжни пари го отсликува богатото културно
наследство на Република Северна Македонија, а е осмислен од ликовната уметница Билјана Унковска, а финалниот дизајн е изработен во печатницата „Де ла ру“, Велика Британија.

Од 15 декември 2016 година, во оптек се пуштени и книжни пари од 200 и 2.000 денари.

Творец на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на овие книжни пари е графичкиот дизајнер Ласко Џуровски.

Во 2018 година, се пушаат во оптек и првите полимерни пари во земјава со вредност од 10 и 50 денари.

Како платежно средства се користат и кованите пари од еден, два, пет, 10 и 50 денари.

До 2013 година се користеше и монета од 50 дени, која беше најниска домашна валута.

Во моментов најниска домашна валута е еден денар.

Името нашата национална валута го добила според истоимената античка римска валута – денар (лат. denarius), што се употребувала и на нашата територија во минатото.

Книжни и ковани пари според законската регулатива, издава Народната банка, која е и одговорна за снабдување со книжни и ковани пари.

 

 

ИЗВОР:МИА
Сузи Котева Стоименова

 

 

актуелно монетарна самостојност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.