Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Почнува олабавувањето на мерките, рестрикциите ќе се намалуваат низ повеќе фази
Во Фокусот

Почнува олабавувањето на мерките, рестрикциите ќе се намалуваат низ повеќе фази

мај 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од денеска почнуваат со работа моловите, спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри, а се отвора и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас–Скопје.

Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава.

Тие ќе работат со ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени.

Ова е согласно планот што вчера го донесе Владата за попуштање на
рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба.

Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза како транзициона фаза е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачани мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на Ковид-19.

Третата фаза предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Намалувањето на рестрикциите ќе се спроведува низ повеќе фази, а меѓу секоја фаза ќе следи преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука дали се исполнети условите да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.

Сите следни чекори ќе зависат од три кртиериуми–дали паднемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем е во состојба да се справи со повторно појавување на случаи и дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и контактите и да идентификува повторување на случаи.

Согласно заклучоците на Владата, дозволено е и службено патување надвор од земјата на избрани и именувани лица со почитување на протоколите на Комисијата за одржување потребно растојание, заради
координација и други итни причини кои не трпат одлагање

Се очекува Владата следната недела да го донесе планот за отворање на
угостителските објекти, но тоа ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките.

Во овој момент Владата не размислува за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот што доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера состојбата со коронавирусот во земјата ја оцени како стабилна.

Со новозаболените 10 случаи, и петте оздравени пациенти, вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега во државава се 1.674, оздравени се 1.205, починати 92, а активни се 377 случаи.

На Клиниката за инфективни болести почина 60-годишен пациент од Делчево, кој имал и малигни болести.

Бројот на оздравени здравствени работници расте, и од вкупно дијагностицираните 242, 217 се оздравени, што е близу 90 проценти и со тоа, како што рече Филипче, практично се враќа во нормала функционирањето на сите здравствени установи од каде беа здравствените работници.

Расте и бројот на општини кои немаат активни случаи.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 41 пациент.

Во Градската општа болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 25 пациенти.

На инфективните одделенија во Битола, Штип, Прилеп, Велес, Куманово, Тетово и Охрид се хоспитализирани 64 пациенти.

Од денеска почнува скринигот и тоа на вработените во градинките, како и на одредени критични категории.

Филипче вчера најави дека ќе почнат со вработените од градинките кои се на близу 2000 со цел изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега,
а целта е со ПСР техниката да се идентификуваат асимптоматските носители.

Според планот со скринингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.

актуелно мерки рестрикции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.