Во Општина Карпош започнаа изведбените–теренски активности за новиот зелен и спортско–рекреативен центар, во кој се предвидува ново зеленило, фитнес дел, а во завршна фаза е и детското игралиште.
Градоначалникот Стефан Богоев изјави дека на оваа површина, од 11.190 м2 доминантно ќе биде зеленилото, а предвидено е засадување на нови, висококвалитетни дрвја, тревна површина, систем за наводнување на зеленилото, како и клупи за седење и корпи за отпадоци.
„Овој дел е во срцето на Карпош 3. Зоната ќе биде наменета за сите генерации на граѓани. Токму овие, маалски паркови придонесуваат за враќањето на маалскиот соживот и дружба“, рече Богоев.






